Автор Тема: масло за автомобил  (Прочитано 149 пати)

Отсутен peugeothelp

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
масло за автомобил
« на: 08 Октомври 2026, 11:03:03 am »
Здраво
Треба да менувам масло на автомобилот и по препорака од произведителот на автомобилот треба да ставам castrol Edge. Читам на интернет имало многу фејк масла, па сакам да прашам од каде да земам castrol масло. препорака за продавница каде што е 100% оригинал..
гледам бис оил е официјален дистрибутер, но сепак да си прашам од каде да купам

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: масло за автомобил
« Одговори #1 на: 08 Октомври 2026, 11:50:31 am »
Од Бис Оил. :) Иако не мораш воопшто да користиш Кастрол, види само кое одобрение е потребно за твојата кола и можеш и друг бренд со истото одобрение. Имаш Мотул во Мега, Ликви Моли има официјални дилери во Скопје исто, Равенол во Техномото во Прилеп.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3003
Одг: масло за автомобил
« Одговори #2 на: 08 Октомври 2026, 12:16:47 pm »
@peugeothelp Можеш и тука да видиш, на наш член е https://malservis.mk/

Имаш и форумски дилер @Prcot
Своерачен потпис ;)