na kolku prajte promena na ulje na automatic ?
мењач како што напиша погоре еден член не се чепка по дефаулт на пр. бмв користат автоматици од ЦФ каде ЕКСТРА со големи букви е напишано на филтерот Лајфлонг, значи маслото е доживотно. Што значи доживотно од аспектна бмв? тоа значи книговодствен живот на колата по пат на амортизација, 7г. 150.000км, така да бмв дава гаранција дека во тие 7г и 150.000 менувачот ќе функционира и нема да трба да менуваш масло.
Иначе по логика на нештата масло на менувач не се чепка ако самиот не појави знаци и не се јави, на пр. брзините влегуваат потешко, се осеќа сецкање, менува на поголеми обртаи итн... ако нема никакви знаци и се е во ред, секое менување на масло поготово флуш носи свој ризик со себе, колку ќе ти стаи, како ќе ти стаи, отварање, затварање ... иначе во ЦФ менувачите ги тестираат на 1.000.000 км, мора да ја издржат таа километража пред да одат во серија, нормлани тие услови во тестлабор и на стаза не се исти како градски сообраќај во ск на пр., али да ти рикен автоматски менувач од ведро небо е многу неверојатно, плус менувач не може преку ноќ да се расипе, не може маслото е денес ок утре губиу својство.
според мене подобро е проемна на масло два пати со еден филтер на пр. него флуш, има поголема веројатност да се направи каша у електрониката ако веќе има нечистотии внатре, со флуш ќе стигнат насекаде.
имаш софтверски тест на менувач преку обд, ти ги проверува параметрите ако е се ок, нема што да менуваш масло според мене.
сеа за ДСГ менувачите која е процедурата не знам, но правило златнокај автоматици:
поише брзини, поише главоболки