Спортекс, се согласувам со тебе дека држава (ред, мир и дисциплина) се прави со стап. Но не се согласувам дека како население(од повеќе различни националности) сме покултурни од западњаците. Дај им ги иситите финансиски можности на просечните жители од земјава да видиш како ќе се понашаат.
Но најпрво и најосновно, ние не ја чувствуваме земјава како наша. Се однесуваме како да е туѓа и како некој друг да треба да ја чува, одржува и гради. За разлика од нас, тие сите кои ги наброја погоре си ја сакаат, ценат, чуваат, одржуваат и градат татковината.
Понатаму, нам(мислам на македонците) ни недостасува националното чувството. На многумина некако им е сеедно што се и кои се. Дел од нив сеуште се во илузија дека се јужни словени со потекло од СФРЈ. Но најголемата трагедија се изродите кои се декларираат како бугарси, срби, власи, торбеши и што знам уште што не, а имаат македонски гени. Да не зборуваме за трагедијата на побугарените и погрчените македонци во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија. Кога би сватиле, кои сме и што сме, мислам дека ќе почнеме да ја цениме, сакаме, чуваме и градиме нашата земја. За жал од секое племе не бидува нација.