Според сеуште неофицијалните резултати, на вчерашното референдумско изјазнување 66% од Хрватските полнолетни граѓани (додуша само оние што излегоа на гласање) сакаат во ЕУ.
"Референдумот помина и би требало да славиме!" Вака отприлика известуваат хрватските медиуми за последниот филтер пред официјално Хрватска да стане членка на Европската Унија.
Но, дали се слави? Иако се чини задоволителни 66% Хрвати сакаат да се видат себеси како Европски граѓани, обврските и неизвесноста која во моментов ја карактеризираат Унијата, влеваат страв кај обичните граѓани. Едните се плашат дали ќе успеат да "скрпат" од први до први, други пак се во неизвесност околу тоа дали пензиите ќе им бидат сигурни или не...
Но, едно е по се изгледа сигурно. Владата од наредната седмица ќе го зголеми ДДВ-то на високи 25% (според најавите на некои аналитичари). "Тазе" владејачката Кукурику коалиција, пред неодамна одржаните предвремени избори ветуваше намалување, а не зголемување на ДДВ-то, па сега Хрватите веројатно ќе се почуствуваат изиграни. Неславен старт на новата владејачка гарнитура. Ќе се "вадат" со влезот во ЕУ, но ќе имаат и неверојатно сериозен предизвик да ја извлечат земјата од незавидната финансиска ситуација.
А, што всушност ги очекува Хрватите сега? Ако се суди според словенечките "форумџии", тие на своите соседи им објаснија во кратки црти.
"Ќе им биде жал. Еве им даваме неколку години за да сфатат каква глупост направиле".
http://vox.mk/eufiles/Item.aspx?Id=e43ff0a9-b7b5-4734-927b-23c199a01d0a--------------------------------------------------------------------------------
Glupi se hrvative, ili namesten e referendumot? Se nadevam deka i kaj nas ke ima referendum za da mozam da glasam PROTIV