Најдобри на овогодинешниот извештај на Dekra се Opel Astra и Audi A4, кои покажуваат најдобри резултати од сите тестирани автомобили
Најпопуларната во Германија компанија за технички анализи и опсервации – Dekra, објави извештај за користени автомобили со најмалку дефекти за 2011 година. Извештајот се базира на податоците од 15 милиони прегледи, направени на 230 различни модели во последните две години.
Најдобри на овогодинешниот извештај на Dekra се Opel Astra и Audi A4, кои покажуваат најдобри резултати од сите автомобили врз кои беа направени тестови, испитувања и следења. Astra е победник во категоријата "Најдобар индивидуален автомобил" оставајки ги зад себе минатогодишниот победник Opel Insignia и Renault Megane. Audi A4, пак, ја предводи категоријата "Најдобар во сите класи", следен од Mercedes-Benz C-Class и трикратниот победник во претходните години Audi A6.
Извор:
www.avtoplus.com.mk