Го имав забаталено BMW-то како проект баѓи време. Пред некое време пак ми се јави желба да го продолжам. Моторчето си е супер, ваљда ќе треба да сменам сет свеќици не се сменати од ко беше последно отворен моторот. Напрајв една фотошоп монтажа (според Rusty Slammington) како планирам да изгледа, нормално ако се оди како шо треба. Менвање прагој и патосот под возачот, спуштање, китирање и фарбање.
Ова црвеното долу десно не е моето, ама како слично за споредба го зедов. Според монтажата, хаубата ја планирам „зарѓана“, ама ќе видам колку е то изводливо, ако не ќе оди фарба. Па ај ко за совет, шо мислите?