Пред неколку дена сменив предни плочки ама со затворени стакла и пуштено радио не слушнав дека тропкаат. Денеска случајно возев со отворени стакла и слушнав дека при притиснување на педалата од кочницата се јавува едно тропкање. На наредно кочење пак едно тропкање. На дупка исто тропка, но и по 2-3 пати, зависи од рејлефот на дупката

.
Појдов во сервисот каде што ги менував, го извадија колцето и ми вика дека се е во ред, нема филозофија во местењето, не е до плочките ништо. Појди ми вика да ти проверат предница по техничкиве на тресалка. Абе му викам нема предницата никаков проблем, од кога ги сменивме плочките се појави тропкањево. Иди му викам да видиш во возење како тропка и на прво кочење ми вика враќај се, ќе порачаме нови плочки и ќе ги смениме.
Прашањето ми е, од што можи да се јави вакво тропкање? Дали е безбедно да се кочи со такви (или така наместени) предни плочки при големи брзини? Како можи толку да не се потрудат да биди се во ред? Мора нервози да има со мајсториве, без разлика дали за кола, мотор или дома ги викаш. А според мене менување на плочки е банална работа за да згреши мајстор кој со години го работи тоа. При купувањето испратија и мустра од старите плочки во продавницата за да не пратат грешни плочки.