pa poskapite plocki ne gi ostetuvaat diskovite podobro kocat i vekot na traenje im e podolg
Јас мислам дека поскапите плочки побрзо се трошат бидејки се направени од помек материјал за да не го трошат дискот, туку да се троши плочката. Со тоа им се намалува векот на траење на поскапите плочки, ама им се продолжува векот на дисковите.
Кажи твое мислење за марките што си ги спомнал погоре.
@Mikroos@ Мислам дека некој на форумов се жалеше од лпр дека чкрипеле многу.
Поздрав до сите членови на форумов. Ја следев темава како гостин и неможев да издржам а да не се вкучам во дискусијава за го поделам моето искуство со LPR дискови и плочки, инаку возам Ford Mondeo 1.8 TD.
Минатата година приметив дека плочките се за менување но и дека дискот веќе е нешто под минимално пропишаната дебелина (22.2мм) и се одлучив за LPR дискови и се разбира и плочки за се да биде компатибилно и така почна моето патешесвие со LPR. После поминати 3-4000 КМ дисковите го добија првото зарамнување, тоа го правија дечките од ЛПРМак бидејќи ги рекламирав, се беше во ред уште наредни 3-4000км и после се пак одново но овај пат (секоја чест на ЛПРМак за кооперативноста) добив од сервисот нови дискови а плочки јас си купив. Но незаврши се тука после неколку иљади километри пак истиот проблем тресе при кочење , ја проверив комплетно предницата , амортизери , бадажи и се беше во ред. Но овој пат сам си платив рамнење и монтирање ( 1500 денари) и може да замислите, после 3-4000 го имам истиот проблем.
Така од моето искуство јас не би препорачал LPR дискови а за плочките немам што да кажам сум ги користел и на други коли и се било во ред,можеби малку квичат кога се водени но генерално се во ред.
Бидејќи морам да купам нови дикови и плочки овој пат најверојатно ќе се одлучам за PAGID !