Широка и разработувана тема, со многу варијации и премногу искривени дискови и запалени плочки. Не сум правел, оставам на кратко возење од еден ден со многу поголеми растојанија помеѓу возилата и споро возење сами да си легнат.
со Ш1 имавме еднаш брканици некои по булевар србија и лисиче, ама нај више на бул. србија со другаче едно со Ѕ60... добри 25-30 минути стискавме и кочевме по семафори, по вртење на раскрсница и слично... се глуправме во 2-3 сабајле (ноќе)... после тоа викам ај доста е, идеме на наш гас да туриме плин и си бегаме. на нас гас како застанав до тркалото задно десно кога ја штрафев пуњачката за плин, ми дојде така голема топлина, сватив дека доаѓа од тркалото и несвесно низ бандажот го пикнав показалецот да пипнам дали е дискот или нешто друго...
луѓе... од прстот, кожата со парче месо ми останаа на дискот. и ден денес на показалецот на левата рака имам лузна, мала до душа ама немам отисок таму, а немам ни осет... останаа нервите на дискот...

тоа беше дерење сам на себе, и на крај и шамар си врзав сам на себе, како можев да направам таква почетничка глупост... морон.