Нема апсолутно ништо инкрементално. 6% поголема батерија, 2% поголема комора за ладење. Пред да ми се накачите дека бранам одреден бренд, веќе неколку години наназад се продава скоро па еден ист телефон, и од страна на Самсунг, и од страна на Епл. И си го лапаме истото, јер конзумеризам општество, јебига. Од Епл и дизајнот не се помачиле да го сменат. Среќа има нови бои, да се знае кој ја има 18-ката.
Телефонската индустрија одамна го достигна својот врв. Не верувам дека хардверски ке видиме нешто што значително ке направи разлика. Веќе се е околу оптимизацијата на софтверот, отколку кај иновации со хардверот. Ке ти даваат максимум 10% подобар телефон секоја година, кој ке мора да го платиш солено, и тоа е тоа.