Па што знам колку се пецнати.
120 херци дисплеј, 265 гига стартно, нова предна камера и always-on display.
Ствари што S серијата на Samsung ги има 3-4 генерации уназад.
За АИ и муабет не се прави. Класа над е на Samsung.
Но.
Факт е дека производителите кои користат андроид платформа во сите промени ги следат и се чекор зад Apple. Пример - џекот за слушалки, mag safe, продажба без полнач итн.
Имам многу добар муабет на темава прочитано: Што е заедничко за Епл, Гугл, Мајкрософт и Самсунг? Сите ги споредуваат новите уреди со на Епл ланските 
Yeah, right 
Конечно благодарение на ЕУ го заменија идиотскиот порт за полнење, сеуште немаат можност за фиксен ред на бројки на тастатурата, кооонечно додадоа Т9 во Dialer, а потешкотиите за да го користиш како storage слободниот простор, едноставно префрлање на фајлови итн...
И на крај, во друштво секогаш се бара кој го има последниот Самсунг за да се слика со него 
Sent from my SM-S928B using Tapatalk
Мене лично што ми фали од андроид:
- бек-апот од Вибер
- split screen
- редот со бројки на тастатурата
- едно копче за затворање на апликации
Што пак мене ми е подобро кај ајфон:
- камерата
- апдејтите (бројот и навременоста)
- батеријата
- Face ID
- физичко shutter копче за камера
- карактеристични рингтонови
- постер за контакти низ цел екран
- можноста со задржување на space копчето за тастатура да селектирам текст
- одложено праќање СМС (иако работи само iOS кон iOS)
- изведбата на балон нотификации
- mag safe
Ова правам муабет при промена од S10 на iPhone 16 стандард, пред да ме дркате "ама S25 Ultra ова-она"...