Автор Тема: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ  (Прочитано 656474 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3885 на: 08 Декември 2024, 23:57:51 pm »
38000 денари беше разликата за S23 Ultra 512gb во првата недела кога стана достапен во Македонија, меѓу Мобеликс и А1/Т-Мобил. Телефонот го добив во затворена кутија, го проверив IMEI-то, телефонот legit. Секој со својот памет и со своите финансии.   

А после 2-3 месеци откога излезе? Или беше неопходно да се има S23 Ultra 512gb првата недела коа излезе?

Бидејќи имам впечаток дека се посочуваат екстреми, а реалната заштеда не е толку голема.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5892
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3886 на: 09 Декември 2024, 00:04:28 am »
Моментално S24 Ultra 256GB во Мобеликс е 51,000, во Анхоч и Нептун е 75,000, а во Телеком 87,000.
512GB верзијата е 56,600 во Мобеликс, во Анхоч и Нептун е 82,000, а во Телеком е 95,000.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 250
  • Macedonia
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3887 на: 09 Декември 2024, 00:14:27 am »
тука можете да ги следите цените на пазарот на мобилни телефони по модел и нашите официјални дистрибутери и препродавачи/мобилари

https://phones.mk/88711/samsung_galaxy_s23/

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3808
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3888 на: 09 Декември 2024, 00:48:26 am »
I ledikom stalno se nekoja stotka poevtini od mobelix 😬

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3889 на: 09 Декември 2024, 01:18:50 am »
38000 денари беше разликата за S23 Ultra 512gb во првата недела кога стана достапен во Македонија, меѓу Мобеликс и А1/Т-Мобил. Телефонот го добив во затворена кутија, го проверив IMEI-то, телефонот legit. Секој со својот памет и со своите финансии.   

А после 2-3 месеци откога излезе? Или беше неопходно да се има S23 Ultra 512gb првата недела коа излезе?

Бидејќи имам впечаток дека се посочуваат екстреми, а реалната заштеда не е толку голема.

Еве, телефон излезен пред 1 година без некоја недела, какви се разликите во цена. Колку и да чекаш, приватни мобилари секогаш ке бидат значително поефтини од сите други. Мене лично, таа разлика ми е преголема. Значи, 24000 денари и 36000 за 256-ка. За 512-ка, 25к и 38к. Купив телефон зашто ми требаше за работа, S21 имав и го прегорев со користење, батеријата не успеаваше ни 2-3 часа да држи. Не сакав нов мобилен да купам, се обидов со нова батерија, ама ист резултат. Не ми е некој филм прв да имам телефон од одреден бренд. Едноставно, ми беше потреба во тој момент.

Моментално S24 Ultra 256GB во Мобеликс е 51,000, во Анхоч и Нептун е 75,000, а во Телеком 87,000.
512GB верзијата е 56,600 во Мобеликс, во Анхоч и Нептун е 82,000, а во Телеком е 95,000.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3890 на: 09 Декември 2024, 13:44:27 pm »
Ја не би купил скап телефон од мобилара посебно не најнов модел, па и да е голема разликата.

Зошто секогаш скржавиот дупло плаќа. Разликата ќе си ја платам со претплата кај оператор или преку банка

До 500 евра може да се ризикува, ама 1000+ евра не.

 


Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 250
  • Macedonia
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3891 на: 09 Декември 2024, 14:06:43 pm »
Океј, демократија е секој може кај сака да купи. Ако на некој му се дава +500 евра за истиот уред секако дека може тоа да го направи во Телеком или на друго место.
Најсмешно ми беше само кога колега S22 Ultra го купил од Телеком или А1 за некои 70-80к (по целосната отплата, ако не излегуваа и повеќе), а јас земав S23 Ultra за 52.500.
Секој со својата математика во секој случај.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3892 на: 09 Декември 2024, 14:37:38 pm »
Не може да е поскап по отплатата, затоа што ратите со месечната претплата се пресметани однапред.

Еве пример 16 про макс е 20.000 ден поскап од мобилара. Како и 24 ултра.
 
Што му доаѓа по 850ден на 24 рати.

Според мене не вреди за скап уред да се ризикува.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3893 на: 09 Декември 2024, 14:44:04 pm »
Не може да е поскап по отплатата, затоа што ратите со месечната претплата се пресметани однапред.

Еве пример 16 про макс е 20.000 ден поскап од мобилара. Како и 24 ултра.
 
Што му доаѓа по 850ден на 24 рати.

Според мене не вреди за скап уред да се ризикува.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk



Mуабетот е само апарат од каде да се купи. Не и накачен договор од 2 години. За ова што го збориш, треба да ми завршува договорот баш кога ке ми треба нов телефон.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3894 на: 09 Декември 2024, 14:55:10 pm »


Не може да е поскап по отплатата, затоа што ратите со месечната претплата се пресметани однапред.

Еве пример 16 про макс е 20.000 ден поскап од мобилара. Како и 24 ултра.
 
Што му доаѓа по 850ден на 24 рати.

Според мене не вреди за скап уред да се ризикува.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk



Mуабетот е само апарат од каде да се купи. Не и накачен договор од 2 години. За ова што го збориш, треба да ми завршува договорот баш кога ке ми треба нов телефон.
Само уред само имаш Нептун, Анхоч, Сетек, Ајстајл или некој што има земено оператор и го продава нов со гаранција.

Уред секогаш купувам кога менувам претплата или продолжувам договор. Секогаш ми траат по најмалку 2 години.
Со претплата зависи која се намалува и цената плус за 50-100 евра.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3895 на: 09 Декември 2024, 14:59:39 pm »
Моментално нема никаква логика да имаш договор од 2 години. Барем не за 2-3 линии. Јас терам без договор, а телефон мењам на 2 или 3 години купен надвор од оператор. Порано имаше некаква логика, 2014та купив Нокиа Лумиа 930 од Телеком за 200 евра, на некоја претплата од 799 или 899 денари.
Последниве 5-6 години никако договор.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5544
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3896 на: 09 Декември 2024, 15:22:11 pm »
 Договор само нешто ако има роденден или слично да зачекаш некоја претплата со све за некоја стотка поефтино и да тераш на неа цел живот без обновување на нов договор.
  Околу 700-800 плаќам јас за Нова М, сѐ неограничено, 100гб во сеф, 7гб  интернет месечно во западен балкан и 13gb плус низ цела Европа месечно ако ги разменам од сефот.
Ако обновам претплата ради некој бонус мизерен или за некој мизерен телефон шо и онака е 40% поскап само ќе се заебам да плаќам повисоко и повисоко со наредни претплати.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3897 на: 09 Декември 2024, 17:52:04 pm »
Не може вечно да им траат тие претплати.
Имав два броја по 120ден и 240ден месечно во фамилија за постари луѓе.

Пола претплата која траеше повеќе од 10 години и пред некое време ги укинаа и сега се дупло.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5544
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3898 на: 09 Декември 2024, 18:06:23 pm »
Епа ќе цицаш до максимум, една со 5 гига и се неограничено бог знае до кога ја користев така не се ни сеќавам за колку беше ама за смешни пари. Оваа сега како што е на договорот дома имам еден попуст од 300 денари, еден од 200 и еден од 50 денари, баш ја гледав сметката на телефон. Тој кај што одам секогаш на шалтер е ептен фин, го знам од кога отвори операторот ка нас ,секогаш ако има некоја шанса да се ували некој попуст при обнова на договор ми го пише или пак се десило да одам да обновам да ми речи немој сега, џабе само претплата поголема ќе имаш.
Мн од вработените ги боли К, а имаат одредени попусти и комбоа што имаат право да ги прават за да ти снижат сметка.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2054
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3899 на: 09 Декември 2024, 18:50:38 pm »
Исклучиво необврзувачки договор имам соА1 може истото и со телеком неограничен демек интернет или фер користење околу 150гига со што не е неограничен, и фрее кон сите други зборење.Никако договор плаќам 800 ден месечно ако не сум задоволен прекинувам и тоа е тоа немам договор платам за тој месец телф ке си купите било каде само не од а1 и телеком.Јас имам кулено од ледиком и супер си е телф.Ке кажете не сакам обврзувачки договор и тоа е тоа си плаќаш која претплата одбереш можеш преку мој а1 и сам да си ја менуваш беџ одење во салоните златна работа  мада прошетајте нозе младите јавриџиња ке те убедуваат за топ неодоливи понуди 😂