Во твојот пост споделуваш линк за Poco X3 NFC, а се збори за PRO моделот... Така да, можеш и ти малце време да одвоиш да прочиташ пред нешто да пуштиш тука, да помогнеш...
Извини, а каде пишав дека линкот што го споделив е баш за телефонот на Бушав? Или читаш, не дочитуваш? Или вадиш од контекст работи, нема трето.
Заедничко и за двата телефони е што имаат хардверски сензор, затоа го дадов тој линк. Буквално никаде не пишав „Бушав, еве ти за твојот телефон".
Aјде нареден пат читај ги малку подетално постовите пред да рипаш како прле пред магаре.
Па ти се фати за мојот пост каде што сум пишал дека повеќе телефони го имаат истиот проблем, а во случајов се работи за конкретен модел.
Тоа ти е прва грешка, пред да збориш за друг, гледај што објавуваш.
Друга работа, прочитај ги постовите, па ќе видиш кој рипнал како прле пред магаре.
Трета работа... Никаде не те спомнав за да рипнеш прв, ко прле пред магаре, така да убаво читај пред да се најдеш прозван да контрираш.
Четврта работа... Заеднички само за овие телефони е дека имаат хардверски сензор? или и за многу, многу други?
Така да, не си биди сам на себе контрадикторен. Пред да се уфрлиш "Guns blazing", среди си ги мислите... Као вечити контраш, мислам дека на повеќето тука е јасно кој вади од контекст работи, и кој прв рипа ко прле пред магаре.