Во ред.
Јас сеуште останувам на моето мислење дека платнени патосници се подобра варијанта, барем за мене. Едноставно, чувството во кола ми е далеку поубаво. Со Голфот ми дадоа и платнени и гумени, гумените беа ставени а платнените беа во гепек. Гумените ги извадив одма, и во ниеден момент не сум се покајал.
Во Леонот имав дури подобри платнени патосници, дебели сантим и нешто и многу меки и пријатни, и во ниеден момент не сум имал проблем со влажност, влага во автомобилот, мирис или што и да е. На секое перење ги вадев, убаво ги тресев и ги проаѓав со усисивач. Еднаш годишно (летно време) ги проаѓав со компресор и со шампон, и толку.
ЕДИТ: И Велештрумф може да каже за разликата која си ја осети во кола кога во неговиот лансер стави платнени патосници. Од што се полоши платнените патосници, Бентли, Ролс Ројс, Мерцедес и сите други саде гумени ставаат.