gOJDO најди тест на било која меморија од Kingston, Kingmax, или било кој друг производител, направен во било која земја и купи ја истата плочка во Македонија и спореди.
1) Јас зборам за едно, ти друго кое нема врска со она кое јас го зобрам.
2) DDR2 модулите Kingston ги склапа во Кина/Тајван. Практично 90% од модулите од сите брендови воопшто се склапаат во Кина/Тајван.
3) Се случувало да има и фалс мемории во Македонија.
4) Тиња не значи дека се фалс и дека нема да функционираат како што е предвидено од страна на производителот. Значи дека нема да функционира како што очекува неукиот купец кој мисли дека купил ТОП меморија бидејќи Kingston е многу познат бренд и најголем производител на РАМ модули, а уствари поима нема што купил. Тие DDR2 6-6-6-x кои ги нарекувам ТИЊА се склопени од остатоците на чиповите кои не ги поминале тестовите за да работат како 4-x-x-x или 5-5-5-x или пак бараат превисоки напони за тоа. Таквите модули се обично нестабилни при мали одстапки на напоните и сигналите. Па според тоа имаат послаби перформанси, помалку се стабилни, создаваат поголемо оптоварување на контролерите, имаат поголема потрошувачка и поголема потреба за напон. Но имаат и многу пониска цена. Затоа велам дека се евтина ТИЊА.
RAM, CPU, HDD, VGA и MB дали ќе купиш во Холандија или Македонија, производот е 100% ист, едина разлика што овде е многу поефтино.
Кај нас воопшто не е поевтино од западна европа. Бар тоа до сега 100 пати сум го заклучил купувајќи разно-разен хардвер. Напротив кај нас во најдобар случај цените се исти како во Западна Европа, а во секој случај повисоки одошто во Бугарија. И секако кај нас ќе начекаш некој антиквитет кој е прегазен од времето и просторот и кој се нуди по цената по која прв пат се појавил на пазарот, а на запад се продава за 1/5 од таа цена.
Како и да е, светскиот пазар со најголем уддел е сочинет од САД и Канада, потоа Кина и Азија. Европа не учествува ни со 20%, па во никој случај не може да се земе како репер. Цените во Македонија се во најдобар случај повисоки за 25% одошто во Америка. Пример Графичка картичка која во Америка се продаваше на секаде на денот на излегувањето за 500 долари, јас морав да одам да ја купам во Грчка од Плаисио за 500 евра (со тоа што од нив 19% си ги повратив како ДДВ наредниот пат). По речси пола година истат кај нас се продаваше 550 евра, т.е. 800 долари. Тоа е 60% повисоко. Слично и за монитор од LG кој овде по дилерска цена ми го нудеа 1200 евра, во Грчка чинеше 1250 евра по малопродажна цена со тоа што можам да си го повратам ДДВ-то, а во Америка чинеше 1300 долари. Со други зборови кај нас дилерската цена беше 40% повисока од малопродажната во Америка. Плус ми бараа 500 евра аванс и да чекам 45 дена.
Проблемот кај нас е што фирмите кој работат со крајните корисници најчесто штедат на матична и напојување.
Крајните сакаат PC со рецимо i5 и GTX550, фирмите тоа ќе им го склопат на онборд MB во куќиште со онборд PS кое нема повеќе од 300W Real Power.
Така е! За да понудат пониска цена ќе ти набутаат секакви гомна! И ти мислиш дека имаш квад кор со најдобар бренд на меморија и најдобар бренд на матична плоча и квалитетно напојување за кое ти гарантираат со живот. А уствари ја имаш најефтината матична плоча од некој познат производител, најтињата рам исто така од познат производител и напојување кое не е сигурно и ни приближно не ги исполнува карактеристиките пишани на тенкијата. Ама ти рекле нема да ставаме од тие ефтините напојувања (од 700 денари) ќе стаиме многу подобро и ти ставиле некој бренд кој не е Delux со "600"W и кое го наплатиле 3x од цената на Delux, а уствари не е нешто помалку лош. А саглам 600W напојување чини од 5000 денари па нагоре...