Македонска државјанка попладнево е сопрена и казнета оти возела со брзина од 246 километри на час во Хрватска, на автопатот Белград - Загреб, јави српската агенција Танјуг.
Девојката која управувала автомобил „порше“ со швајцарски регистерски таблички била сопрена близу Нова Градишка, близу местото каде што загина македонската мега-ѕвезда Тоше Проески. Нејзината брзина забележана на радарот изнесувала речиси двојно повеќе од максимално дозволената на автопатот - односно 130 км/ч.
Македонката добила парична казна од 7.000 куни (околу 930 евра), а нема да смее да управува возило во Хрватска во следните 12 месеци.
DZVERRRRRR!!!!!!!