Inaku site tv se pusteni na ist seting,vivid mislam ama bas site.
Vivid е најлошата опција која постои на новите телевизори. Не само што ги прави боите да дречат, туку го напукува контрастот и оштрината, па така да сликата станува вештачка, нереална, зрнеста, и многу напорна за гледање после 5 минути...
Не дај боже да пуштиш ноќе некој филм, во кој што преовладува зелена, плава и црвена боја...Наредниот ден ке треба да ставаш компири на очи, температура да ти вадат, или пак ке треба телевизорот со маска за заварување да го гледаш...
Мене мојата Самсунг плазма многу позитивно ме изненади со можностите за подесување и калибрирање. http://reviews.plasmatvbuyingguide.com/plasmatvreviews/samsung-pn50b550-review.html
Не е се` така лошо кај овие марки што ги кажуваш, ако се бира правилно, може добро да се пројде.
Незнам, не се разбирам
Се зезам...Не викам дека е лошо, далеку од тоа...Самсунг прават одлични телевизори, поготово кога станува збор за ниската и средна класа. Вградуваат VA панели, кои имаат одлична црна боја, многу добар контраст. Ова е уствари најпозитивната работа кај нив. Е сега негативно е тоа што никогаш не можат да дадат реален приказ на боите, и немаат широк агол на гледање. Во споредба со ИПС-ите се далеку послаби во тој сегмент...
Од друга страна ИПС-от кој се нуди кај Панасоник, ЛГ, и некој модели на Филипс, е недостижен во поглед на приказ на боите и агол на гледање 178/178 степени. Затоа црната боја е послаба за нијанса, а со самото тоа и контрастот...Но можеш во секое време да седнеш и да гледаш неколку часови квалитетна слика и притоа да не се грижиш за своите очи...
Инаку Самсунг има извадено скоро и некоја плазма...Незнам како ке се покажат новите, но старите плазми со кои и им престана производството, беа најголемата утка на оваа компанија...Ете сега пробуваат да се вратат назад, па ке видиме што ке биде...Веројатно ги поправиле своите грешки...
Денес гледав Full HD 3D на најновите самсунг тв- а. Огромен екран, незнам димензија. Сликата еее СТРАШНА!!
Ова ти е една од најпаметните кажани работи на форумов, не читајќи го другиот дел од текстот надоле.
Навистина да се уплашиш од сликата.
Кај Грундингот тоа страШНОТО можеш пута два да го помножиш и ке бидеш повторно во право