Автор Тема: Gran Turismo 7 -  (Прочитано 1402 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22443
Одг: Gran Turismo 7 -
« Одговори #30 на: 25 Октомври 2026, 13:05:43 pm »
Јас сега гледам дека Веле е со пола милион на сметка и колектор левел 13.
Значи само што ја почнал играва.

Веле, јас лично  би ги баталил чили тркиве за сега и би терал со сите менија (барем на нормал), би бркал барем бронза на сите license tests, circuit experiences & missions (поготово Human comedy).

До тогаш ќе имаш и доволно и скилс и кредити за да може да ги купиш повеќето Гр3 коли ( Porche RSR e 400.000, Porsche GT3R e 900.000 , Mugen Honda NSX e 1600.000 кредити, а има и еден куп други добри), а и во меѓувреме можеш да освоиш некоја на рулет тикет или како награда (пример Аудито го добиваш бесплатно ако освоиш бронза на Master S license test).



Ова  е од мое лично искуство, затоа што и јас ептен се мачев на истиве трки на почеток, а баш оваа на
Deep Forest Gr.3 ми останала непобедена , односно најдобро што сум завршил било втор и сум ја оставил така.

Седнав синоќа набрзина и завршив прв два пати по ред и со Хондата и со Аудито со комотни 1:33-1:35 кругови во просек и без никаква драма.

Али, ако те фаќа инат, терај па пиши како иде . :)