Автор Тема: CARclub Тест: Geely Starray EM-i  (Прочитано 477 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30739
    • CARclub.mk

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #1 на: 02 Јули 2026, 11:44:17 am »
Како изгледа возењето споредено со Lynk & Co 01? Ме интересира возните својства колку се различни особено динамиката во брзи свиоци, прецизност на управување и суспензијата генерално.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4669
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #2 на: 02 Јули 2026, 11:49:23 am »
Јеботе која сотона ме запоседна, почнав да читам ривјуа на кинески модели.
Не најдов во текстот инфо колку му е потрошувачка на струја на 100 км, ама според капацитетот на батеријата и колку км се возат во град (70), маетематиката е 25 kWh/100 км што е прилично висока потрошувачка. Но ако тоа резултира со потрошња од бензин од 3 литри за да ги наполни тие 25 kW, тогаш е доста економично.
На автопат ќе биде друга математиката, и мислам дека ако се вози над 120 ќе биде прилично неефикасно. Можеби има тестови тука во Германија, не сум побарал.
« Последно менување: 02 Јули 2026, 11:59:39 am ficomk »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #3 на: 02 Јули 2026, 11:58:24 am »
Откако европјаните сам го себе убија, остана да видиме кинезиве што ќе донесат. За 20-25% помалце добиваш software defined vechichle  без многу кола но со многу технолгоја и софтверски багови. Прашањето е како ќе се живее со нив во наредниве 10 годни. Ама да не ги анатемисаме многу изгледа логистиката на кинезиве ја стига многу брзо европаската супер класа. За една врата во Порше во МК чекав еден месец(секако дека беше од платина вратата според цената па веројанто пазарот на ретки метали ја еба работава). Во Mерцедес на луксузно возило кое oчекуваш да го добиеш за два дена по ДХЛ и  приде сандак Whiskey Macallan 18, добиваш туп поглед и подигнати рамења од типот на пулт.

Епа ќе читаме кинзи!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30739
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #4 на: 02 Јули 2026, 12:21:40 pm »
Како изгледа возењето споредено со Lynk & Co 01? Ме интересира возните својства колку се различни особено динамиката во брзи свиоци, прецизност на управување и суспензијата генерално.

01 е забележително поуправлив и подинамичен. Ова е многу поориентирано кон комфор, па е и помек и полебдест. Не му прија агресивно возење. Бара да го возиш ко Кадилак од 70-ти.

Јеботе која сотона ме запоседна, почнав да читам ривјуа на кинески модели.
Не најдов во текстот инфо колку му е потрошувачка на струја на 100 км, ама според капацитетот на батеријата и колку км се возат во град (70), маетематиката е 25 kWh/100 км што е прилично висока потрошувачка. Но ако тоа резултира со потрошња од бензин од 3 литри за да ги наполни тие 25 kW, тогаш е доста економично.
На автопат ќе биде друга математиката, и мислам дека ако се вози над 120 ќе биде прилично неефикасно. Можеби има тестови тука во Германија, не сум побарал.

Очекувај да биде некаде меѓу 18 и 20 kWh / 100 км. И зборуваме со нормално возење, без влечење. Со повнимателно возење и подобри услови, може да биде и пониска. Градската потрошувачка ја „есапев“ со скоро празна батерија и користење и на бензинецот. Ама ако не проаѓаш повеќе од тие 80-тина километри на ден и имаш каде да полниш навечер - тогаш градската потрошувачка е суштински Нула Литри Бензин на 100 Километри.

На автопат, при автопатски брзини е околу 6 литри бензин на 100. Што мислам дека е исклучително со оглед на димензиите и тежината.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4374
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #5 на: 02 Јули 2026, 13:30:50 pm »
Јеботе која сотона ме запоседна, почнав да читам ривјуа на кинески модели.
Не најдов во текстот инфо колку му е потрошувачка на струја на 100 км, ама според капацитетот на батеријата и колку км се возат во град (70), маетематиката е 25 kWh/100 км што е прилично висока потрошувачка. Но ако тоа резултира со потрошња од бензин од 3 литри за да ги наполни тие 25 kW, тогаш е доста економично.
На автопат ќе биде друга математиката, и мислам дека ако се вози над 120 ќе биде прилично неефикасно. Можеби има тестови тука во Германија, не сум побарал.

Литар бензин во себе содржи доволно енергија за да се добијат некои 9квч при идеална конверзија. Бидејки МВС е со макс ефикасност од 40%, би требале 7-8Л бензин за да добиеш 25Кв/ч.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #6 на: 02 Јули 2026, 14:09:44 pm »
Ако батеријата е која е 18.5 kWh а во пракса можеш да користи 80% или 14,7 kWh и вози 83 WLTP проценети километри а според EAP тоа се некаде 70км можно достижни ако не е ладно. Во превод реално ова е точно како што го есапи @zeroSignal или по есап 21 kWh/100. Значи ако успееш со 6l/100 км бензин да истераш волкава кола не сметајќи ги „бесплатните“ 70 км ова е одлична ефикасност.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1166
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #7 на: 02 Јули 2026, 14:12:26 pm »
Ако е празна батеријата, нема шанси ова да троши само 3л - 5л во градска, нешто има грешка во пресметките.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30739
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #8 на: 02 Јули 2026, 15:09:29 pm »
Поентата е дека батеријата никогаш не е „празна-празна“. Системот секогаш си дополнува и си има некаква резерва. И баш заради тоа се постигнуваа таа ефикасност.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #9 на: 02 Јули 2026, 15:21:09 pm »
Убав е тестот и генерално возилото,за мене беше во првите 3 возила за купување.

Ама очигледните маани кои на тест драјв ги увидов барем јас а за некои од нив и други кои го возеле ,воопшто не се спомнати.

Го возев возилото и за многу споменати работи од тестот се сложувам , НО,  најголема замерка од мене е што ако сакаш да претекнеш некој со меѓузабрзување над 85-95 км/ч треба да си спремен за непријатен гласен звук од бензинскиот мотор, мене ми сметаше многу, а и рекламираната снага над таа брзина воопшто не се чувствува, до таа брзина си повекува повеќе од одлично, најверјојатно повеќе е сетиран за градска вожна целиот погон.

Втора работа, задната оска скока на најмалите нерамнини на патот, тап звук се слуша ако седиш позади на секоја дупка- многу непријатно.
Можеби и Giti гумите кои се на него се крути и би се решило тоа со друга гума не знам ама сепак имаат тука за работа уште многу.

Реална потрошувачка мене ми покажа по ресет 5.8л/100км со празна батерија и комбинирана вожња град и автопат.

Звучниците воопшто не се премиум или како и да ги рекламираат, може и 78 парчиња да стават ама звукот на цел систем е ептен под ниво.

Исто така и фаровите не се на висина на задачата, односно слаби се во интензитет и ширина на светлосен сноп, ако се матрикс лед тоа не е спорно.

Гумата на спојот од предниот браник и хаубата го грди цел автомобил и мислам дека нема да има голем век.
За кабината дека е пространа имат браво и за самото чувство од панорамата и материјалите се одлични.

Во багажниот простор очекував повеќе во смисол чудно е изведен заради пластиките лево и десно и за повеќе багаж би било дискутабилно дали ќе те собере.
Исто и цената ќе ја искоментирам, во србија е по-ефтин некои 2-3000 еур во официјалните ценовници, ама приказната дека кај нас давачките биле поголеми си ја возат стандард сите увозници, како да сме ние глупи е не знаеме како се рачунаат и за кој мотор има акциза или ослободувања, нејсе, возилото како целина е добар пакет, и добро е што има подобар гарантен рок од другите модели на Geely кој имаат смао бензин мотори.

Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30739
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #10 на: 02 Јули 2026, 15:35:20 pm »
Си пишав во тестот дека моторот е бучен при силно притискање на педалата за гас. Малку звучи како да има CVT пренос, иако не е тоа. Јас не забележав вибрации од задната оска, ниту пак некакво „скокање“. Можно е да е до гумите, ако биле пренапумпани или нешто слично, ама не навлегувам. Она што мене конкретно не ми се допадна е чувството на „лебдење“ на автопат, ама има луѓе што го сакаат тоа.

Едит: Звукот кој си го слушал позади можно е да бил полначот кој не бил фиксиран убаво под подот или нешто слично.

Јас субјективно немам забелешки за фаровите. Одамна не ми улетало возило на тест со забележливо лоши фарови.

Конкретно за аудио системот, она што сум забележал е дека во најмалку 90% од колите кои ги земам на тест, високите тонови на аудиото се дигнати во небо и целиот систем звучи многу лошо, да не речам заморно. Со маааалку внимателно штелување, се добива многу подобар звук. Еве, дури и сум сликнал во Џиливо.


Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #11 на: 02 Јули 2026, 15:48:21 pm »
Си пишав во тестот дека моторот е бучен при силно притискање на педалата за гас. Малку звучи како да има CVT пренос, иако не е тоа. Јас не забележав вибрации од садната оска, ниту пак некакво „скокање“. Можно е да е до гумите, ако биле пренапумпани или нешто слично, ама не навлегувам. Она што мене конкретно не ми се допадна е чувството на „лебдење“ на автопат, ама има луѓе што го сакаат тоа.

Јас субјективно немам забелешки за фаровите. Одамна не ми улетало возило на тест со забележливо лоши фарови.

Конкретно за аудио системот, она што сум забележал е дека во најмалку 90% од колите кои ги земам на тест, високите тонови на аудиото се дигнати во небо и целиот систем звучи многу лошо, да не речам заморно. Со маааалку внимателно штелување, се добива многу подобар звук. Еве, дури и сум сликнал во Џиливо.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Можно е да бил полначот , не проверив.
Пробував да си играм, го имав цел ден возилото и затоа напомнав за фаровите и звукот лично мене ми беше просечен.
Точно, лебдењето и за мене беше чудно, ама тука пак голема улога играат и гумите според мене.
Исто чудно ми беше и затворањето/отворањето на прозорите, обратно е , притискаш надолу на прекидачот прозорот се затвора и притискаш нагоре прозорот се отвара сите Џили биле такви.
Да е цената 30000 еур со MAX пакетот, друго возило не треба да се погледне дефинитивно.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #12 на: 02 Јули 2026, 15:58:10 pm »
Јас исто така мислам дека поради некоја причина овие мали мотори со могу бројќи за вртежен момент и коњи комбинирани би ги земал со многу резерва. Реалнио би сакал многу повеќе да видам или опција како онаа со фулл рејнџ екстендер или здрав бензинец кој што може сам да испорача 250 Nm и 180 - 200 ks наместо некој исцепакан power range кој ќе мора да се склопи преку комплициран пренос и баговит софтвер. И ова највеќе ме кочи за да донесам одлука дали вреди ваков бездушен PHEV или да почекам целсно електричниве да стигнат до реални 700 km.
Инаку има еден пристоен PHEV на Mitsubishi Outlander со 2.4L бензински мотор  и со 2 електромотори. Не е толку ефикасен како кинезиве ама е робустен и дава опција да возш целсно електрично кратки релации на штеќер а да си тераш поштено со 8-9l/100 кога ти треба вистинска снага и 4х4 погон. Ама, кај нас изгледа Mitsubishi Motors избрале погрешен дилер.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: CARclub Тест: Geely Starray EM-i
« Одговори #13 на: 02 Јули 2026, 16:01:08 pm »
Јас исто така мислам дека поради некоја причина овие мали мотори со могу бројќи за вртежен момент и коњи комбинирани би ги земал со многу резерва. Реалнио би сакал многу повеќе да видам или опција како онаа со фулл рејнџ екстендер или здрав бензинец кој што може сам да испорача 250 Nm и 180 - 200 ks наместо некој исцепакан power range кој ќе мора да се склопи преку комплициран пренос и баговит софтвер. И ова највеќе ме кочи за да донесам одлука дали вреди ваков бездушен PHEV или да почекам целсно електричниве да стигнат до реални 700 km.
Инаку има еден пристоен PHEV на Mitsubishi Outlander со 2.4L бензински мотор  и со 2 електромотори. Не е толку ефикасен како кинезиве ама е робустен и дава опција да возш целсно електрично кратки релации на штеќер а да си тераш поштено со 8-9l/100 кога ти треба вистинска снага и 4х4 погон. Ама, кај нас изгледа Mitsubishi Motors избрале погрешен дилер.
Продавачот на Mitsubishi продава Geely сега, буквално човекот  :D :D :D
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.