Автор Тема: Чекање интерпол проверка за таблици при регистрација  (Прочитано 63 пати)

Отсутен a.t7771

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30623
    • CARclub.mk
Нема правило.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18035
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Ќе ти објаснам каква им е процедурата па ќе си заклучиш и сам:

- Поднесуваш документи > во одреден дел од неделата (но дефинитивно не секој ден) иде курир од МВР и ги подигнува > во МВР ги процесираат документите > курир од МВР ги подигнува и доставува назад до техничкиот преглед > ти се јавуваат да ги подигнеш

Од ова може да заклучиш дека процедурата може да трае од 3 до 6-7 работни дена, зависи каква ти била среќата со курирот (можда подигнал документи непосредно пред ти да ги поднесеш твоите, па сеа твоите документи стојат 2-3 дена во техничкиот додека не дојде курирот пак).