Првин на Ван да му одговорам.
Не знам што си запнал со тој колективен договор кога тој воопшто нема никаков импакт на начинот на кој ќе се склопи тимот.Уште еден случај се твоите Лејкерси кои после колективниот договор склопија тим од 4 врвни играчи(Хауард,Гасол,Кобе и Неш).Друг пример ти се Бруклин кој имаа цела петорка со ѕвезди(Лопез,Гарнет,Пирс,Џо Џонсон,Дерон Вилијамс).Пак ќе повторам кога се сака се се може.Договорот беше потпишан само за помалите тимови да добијат поголем дел од колачот и да им се земе процент на играчите од нивниот дел.Сега добиваат 51% од ТВ правата,а со предходниот земаа 54%.
Eве го одговорот што го бара и Куоре.Штерн имаше улога во трејдот на Пол, бидејќи тогаш Њу Орлеанс немаше сопственик и клубот беше дефакто во сопственост на лигата.Штерн тогаш делуваше како сопственик на клуб,а не како комисионер.Трејдот се случуваше во многу лошо време кога се потпишуваше новиот колективен договор на кој како што ти предочив, замислата му беше да помалите тимови успеат да ги задржат своите ѕвезди и да добијат повеќе пари од ТВ правата.Поради тоа ако го прифатеше трејдот немаше да имаат смисла сите преговори и залагања кои ги имаа сопствениците на помалите тимови.
За создавањето на тројка во Мајами неможеше да има НИКАКВО влијание, односно не можеше никако да го спречи тоа, бидејќи едноставно тоа беше самостојна желба на самите играчи.Сите тројца (Вејд,Џејмс и Бош) беа слободни агенти и потпишаа договор со Мајами.Нема ништо спорно тука.
Лејкерси ја имаа шансата кога го потпишаа Хауард и Неш да почнат нова династија на освојување титули, но се навраќаме на првата поента од која и започна муабетов,а тоа е недоволно стручниот тренер Д'Антони.Човекот можеби е средно добар тренер, меѓутоа играчите му беа тотални утната за неогавата филозофија на игра.Плус се погодија две примадони во иста соблекувална(Кобе и Хауард) и целата таа операција беше осудена на пропаст.Сепак мислам ако Фил или некој друг беше тренер ќе имаа барем едно финале зад нив ако не и титула.
Куоре со тоа што го пиша само го потврдуваш мојот заклучок дека Лејкерси се тука кај што се само поради свои грешки.Па ова е побитно од трејдот за Пол според мене.Џексон да има петорка составена од Хауард,Гасол,Кобе и Неш замисли што би направил.Иако изгледа не си го дочитал првиот линк, не е дека се било така црно - бело

However, Jackson had wanted more say over basketball decisions, another source said.
The Los Angeles Times reported that Jackson also was seeking an ownership stake, according to a person familiar with the situation.