Дап, ама дали тогаш Хорфорд сеуште ќе биде повреден?
Очекувајте минутажата на Перо поприлично да му се намали штом ќе се вратат и другите повредени во ротацијата на Хоукс.
Освен ако клубот не одлучи да танка.
Атланта нема танкано во последната деценија, задоволни се и со осредност. Но од друга страна оваков богат драфт како предстојниот се случува еднаш на 20 години (или поретко). Во тој случај (ако се решат да танкаат) очекувајте големи минутажи и на Перо и на другите од клупата на Атланта, посебно на тие што се мислат дали да ги задржат за следната сезона.
Како и да е, мислам дека во најлош случај ќе се најде следнава сезона некој да го земе Перо. Секогаш се бараат високи играчи што за ветерански минималец играат солидна одбрана, релативно добар шут е додатен плус.
Перо има иднина во НБА.