Автор Тема: Помош со 1.6тди 105hp  (Прочитано 8435 пати)

Отсутен vladimir123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #30 на: 10 Мај 2026, 14:59:53 pm »
Кај ги провери дизните? И дали го среди проблемот? Јас уште си ја возам колата така. Никаков проблем, тресење, трокирање итн. Само го нема турбо кикот ко шо треба

pocna da tropa ko ulava dur vozev na avtopat posle preticuvanje, so slep pravo na majstor 250eur nova dizna.

Stavil od seat leon privremeno  i vo red si rabotela taka.

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #31 на: 10 Мај 2026, 15:01:15 pm »
Кај кој мајстор? Јас се канам да одам кај Роберт во Тетово

Отсутен Ronwhitman

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #32 на: денес во 09:20:34 »
Апдејт за проблемов. Конечно решен.



Пред месец дена направив тест со VCDS во возење, трета брзина полна гас, и ги ставив овие параметри на сликава.
Увидов дека колата побарува 310-320Nm torque, а фабрички 1.6тди е 250Nm, компјутерот го ограничува торкот и дозволува многу помалку од бараните 310-320, и пишува дека има Limitation: status of clutch protection:1, што значи дека е активен лимитер.

Кога е правен големиот сервис, што направил мајсторот со компјутерот/мапата, кој да знае...


Нејсе, конечно дојдов до слободно време да ја однесам кај Роберт во Тетово, затоа што дефинитивно имаше проблем со дизните од вадењето на поклопецот на вентили, поради потешко вадење на дизните им се ебало матер... на 110-120 на автопат во петта брзина со темпомат ми трошеше 7-11 литри, кога како... просек испод 7-8 немав.

Ги проверија, требаше репарација на првата и втората само, си платив, ја земав колата, и конечно се врати снагата и се намести потрошувачката како што треба, да видам на отворено дури и 3-4 литри потрошувачка.

Но, дефинитивно сè уште стои лимитерот на торкот, затоа што иако е вратена снагата, не е како што беше кога ја купив, а кога ја купив дефинитивно била мапирана колата. Со Stage 1 овој мотор ги добива баш 310-320Nm.

Дали има логика да била мапирана поради тоа што бара 320Nm, и покрај тоа што е фабрички 250? Не се разбирам, но по некоја логика така е ваљда.


Наравоучение, на овој мотор ако треба да менувате поклопец на вентили, распрашајте се убаво кој би го направил тоа без сјебување на дизните, ако е тоа воопшто можно.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2419
Одг: Помош со 1.6тди 105hp
« Одговори #33 на: денес во 12:10:21 »
Не е ништо чудно од прва до трета да има torque limiter per gear. Најдобро за да направиш лог, во 4та брзина од 1000-1500 обртаи до redline под полн гас.