Автор Тема: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai  (Прочитано 1789 пати)

Отсутен StefanKarbe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Здраво на сите!  👋

Ве молам за препорака на професионален сервис/мајстор, што би рекле луѓе на место да се, за корејски возила, пред се за Скопје и Битола. Или од било кој град, мислам би било корисно за сите членови овде.

Сакам да направам голем сервис, промена на сет ланче на Kia Proceed 1.6crdi, а воедно и нова водна пумпа и некои други ситници. Да споделите искуства каде сте менувале и како сте задоволни?


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #1 на: 10 Март 2026, 08:56:29 am »
Од искуство на колеги тука од форум и некои луѓе што ги знам, имаш:

Авто Калеш во Неготино

АЛСИ Скопје, општина Аеродром (ул.Фрањо Клуз)
Своерачен потпис ;)

Отсутен StefanKarbe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #2 на: 10 Март 2026, 12:58:14 pm »
Фала ти на инфо. За Алси во Скопје причитав препорака во слична тема овде. А за Калеш немав слушнато.

Исто прашував во Киа Моторс официјалниот сервис, не се прескапи со цените (работна рака), дури и поевтини од одреден сервис во Битола, но не најдов многу искуства некој да споделил. Само што во официјалниот сервис промената ја прават без да ги вадат дизните, а би сакал да се сменат шајбните, а кај одредени сервиси и тоа е вклучено во цената на промената на ланчето.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 977
  • The best or nothing.
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #3 на: 10 Март 2026, 13:16:59 pm »
Контактирај ги и servis.vag (имаат инстаграм страна). Дечките се профи.

Отсутен StefanKarbe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #4 на: 10 Март 2026, 14:36:26 pm »
Фала ти, ги контактирав, Инстаграм страната им изгледа супер 👍

Отсутен StefanKarbe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #5 на: 10 Март 2026, 17:33:12 pm »
Еден update servis.vag работат само доколку деловите за сервис ги купите од нив, што мене лично не ми одговара пошто сите делови си ги има веќе набавено.

Отсутен StefanKarbe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #6 на: 11 Март 2026, 14:35:28 pm »
Сервис Алси Скопје, јас лично не би ги препорачал на никој! Можеби имаат познавање, можеби немаат незнам, не стигнав до тој дел поради нивниот однос. Препотентност, не би оставил своја кола кај нив.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Одг: Сервис и мајстори за корејски возила Kia/Hyundai
« Одговори #7 на: 12 Март 2026, 10:23:46 am »
Сервис Алси Скопје, јас лично не би ги препорачал на никој! Можеби имаат познавање, можеби немаат незнам, не стигнав до тој дел поради нивниот однос. Препотентност, не би оставил своја кола кај нив.
Може подетално да објасниш за што би биле препотентни?