Без хемија нема резултати посакувани мускули.
Епа тогаш седи дома пред телевизор/компјутер, пиј си пивце и уживај, а ние што вежбаме ("будали") без хемија, не дека мускул ќе направиме, туку колку да се рече дека идеме во теретана.
На овој бодибилдер му се восхитувам:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Типот вежба повеќе од 15 години.
Поточно од 1999 со тоа што на првата слика веќе вежбал околу 2 години, но сам кажува дека на почетокот не ги вежбал нозете затоа му се толку слаби. Но потоа кога почнал поозбилно да вежба и да се држи под режим на изхрана почнал прилично добро да напредува. Еден е од ретките кои имаат слики од тоа како напредувал низ годините каде може да се види реално колку може да се постигне со вежбање без хемија, туку само со употреба на суплементи. Кој сака нека верува, јас верувам дека е природен.
Еве како изгледа моментално:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Сите билдери земаат хемија, само глумат поштени.
Вежбав 8месеци без хемија, секој ден, и тефтерче за штиклирање серии и кои мускули за вежбање тој ден, колку што можев внимавав на исхрана, резултати минимални.
Извини вака ама изгледа премногу си очекувал за само 8 месеци вежбање. Како прво, најголем напредок треба да имаш баш на почетокот, во сила но и мускулен раст, ама пак ќе кажам, незнам што си очекувал или кој ти го правел филмот дека за 8 месеци можеш да се направиш "ѕвер". Верувај ми, треба само вежбање, упорно вежбање и редовно јадење без многу пазење. Запамти го ова, вежбај без да очекуваш нешто за возврат, ама биди упорен, колку можеш редовен и колку можеш внимавај на храна, барем на внесот на протеин и што почиста храна и за неколку години ќе изградиш прилично добра мускулатура. Тебе те убила психата, можеби си поставил нереална цел, си гледал некоја "жими мајка" трансформација(за 2 месеца 10кг. мускул), премногу си очекувал или пак можеби си се споредил со некој друг и немало резултати колку него за ист период итн. Секој е различно надарен, буквално, секој напредува различно, а како и да е има многу фактори, нередовно јадење( 3 пати на ден не е редовно јадење треба почесто), алкохолот е огромен фактор, нередовен сон итн. Ова се го зборам од лично искуство, многу сум среќен што вежбав упорно и не очекував ништо за возврат, а добив премногу и тоа без пазење на исхрана. Моментално дека се чистам и морам да пазам на исхрана затоа што само така можеш најдобро и најефикасно да се изчистиш. Всушност билдањето и не е некоја филозофија, ѕверот што го постирав Арон Куртис, кој и да го праша за тоа како да ја зголеми мускулната маса им одговара со: "Јади во калориски суфицит( внесувај повеќе калории ос што ти се потребни) и полека накачувај ги килажите кои ги дигаш". Практикувај го ова и за неколку години ќе имаш прилично добро тело. Слободно за каков било совет околу што било, вежбање, сплит на вежби, исхрана итн. пиши во темава или во пп и сигурен сум дека ќе можам да помогнам. А иначе за стратро верувам дека е природен.
