Денес заморот е еден од најголемите проблеми кои го пратат човекот. Не треба ни да спомнуваме колку нас спортистите не прати, ние кои тренираме и му додаваме и те каков голем стрес на телото. На запад се повеќе луѓе земаат медикаменти и стимуланти како би создале тоа чувство дека немаат замор. Не е ни чудно што земаат и некои суплементи кои им го подобрува сонот, но за тоа може да се дискутира. Но, најстариот и најдокажаниот начин да го решите заморот е ОДМОРОТ. Како што е и се во животот, најпростите решенија се и најдобри. И во спортот е важно да се води евиденција околу одморот, а посебно на:
- Временски распоред на одморот
- Траење на одморот
- Број на одмор
- Облик на одморот
Одморот ќе биде поефикасен ако активноста во фаза на заморот порано се прекине. Така на пример, ако од спортист на тренинг се бара да се ангажира и го даде својот максимум, па од после да одмара, нема да биде многу ефикасен. За можностите на спортистот да се вратат во нормала, би требало да има релативно долг одмор. Кога заморот е слаб, тогаш брзо се одмараме. Од таму, порационално е одморот да се даде пред симптомите на големиот замор да бидат поизразени. Тоа значи дека одморот треба да се даде во време на максимални перформанси, а не кога тие перформанси ќе почне да опаѓаат.
Оваа изрека е точна и мора да се повторува постојано, поради причината за оние кои се почетници и сакаат да изградат мускулна маса, и мислат дека што повеќе - тоа подобро. Повеќе вежби, повеќе серии, повеќе тренинзи ќе го зголемат мускулниот раст. За жал - нема.
Додека вежбате, вие не градите мускулна маса, туку тогаш на еден начин ги "oштетувате" мускулите за подоцна тие да се опорават и да се изградат во поголеми и посилни од колку што биле. Тоа, од прилика изгледа вака:
Во теретана, на телото му даваме знаци да почне да гради мускулна маса. Во суштина, телото чуствува дека го приморувате да работи (со кревањето тегови), и со тоа што постепено ги покачувате тежините, тоа всушност "сфаќа" дека мора да стане поголемо и посилно за да може да се справи со тоа поголемо оптеретување. И секако, за да се прилагоди, ќе му бидат потребни сите можни "алатки" - калории, протеини, јагленохидрати и сите други составни делови од диета. Секако, постои и трет дел од оваа слагалица, а тоа е одмор и опоравок. И во услови кога се вежба напорно и интензивно, и се внесува токму онаа храна која е потребна, и тогаш му е потребно да ја заврши таа работа - да се опорави. Не само што мускулите ќе се опорават, туку тој опоравок му е потребен и на нервниот систем.