Брзи јадења за кои не треба многу спретност.
1.
-Чинија со овесни снегулки
-Две лажици белковниски прашок
-Ленено семе, попрскано од око
-Потопено во млеко
=ова го практикувам секој ден пред работа. Брзо, ефикасно. А за вкус да не зборувам - фантазија (од чоколадо е малце јако, а ванилата го прави прав сладолед)
2.
-Варени јајца 5
-Малку кечап Хајнц
-Што ви се наоѓа од зачин низ дома
-Парче интегрален леб
-Маслинки
=не заборавајте дека јајцата стојат варени во фрижидер извесно време, значи може да се зготват и во поголем број, и само да се лупат пред јадење.
3.
-Пржени јајца 3 + 1 или 2 белки
-Парче интегрален леб
-Зачин што ви се наоѓа по дома, оригано, кари, барбикју, кечап... Додека се пржат.
-Чаша млеко или ако ви се наоѓа некоја салата низ дома.
=Ова си одзема малку време, ама за промена не е лошо.
4.
-2 банани
-Најголема чаша млеко со белковински прашок
-неколку бадеми (печени или не, како сакате)
=Побрзо од ова, здравје.
5.
-2 туна конзерви
-2 парчиња интегрален леб
-1 цел цеден лимон/портокал/мандарина (што ви се наоѓа) истурен врз туната.
=Добар апетит!
