Ајде една предновогодишна ретроспектива да направам..
Завршен последен тренинг од Insanity за годинава. Извежбана 4пати програмата x2 месеци се на се 260 дена.
Почеток: Понеделник 16ти Април 2018- Тежина 116,7кг
Крај: Сабота 29ти Декември 2018 -Тежина 80,6 кг (
Ослабнати 36кг)
37 недели - 36 кг. Средна вредност ~ килограм неделно.
Исхрана: Комбинација на intermittent fasting 18/6 со калориски дефицит на почеток од 1000калории само од исхрана не рачунајки ги тие од тренингот(лошо) по 5тиот месец околу 500-800калории.
Ниско јаглехидратна диета. Намалени шеќери на минимум. Зголемени протени и масти преку месо + веј, заленчук во чиста форма не салата за да се избегне внесување на сол и масло.
Суплементи: OLIMP WHEY PROTEIN COMPLEX 100%, L-carnitine, magnesium+calcium+d3 шумлети, C-vitamin, B-complex, Omega 3.
Физичка/Здрасвена состојба: Крвна слика одлична намалени маснотии од 6,2 на 4,3. Кондиција најдобра во живот. Од неможност да се држам во планк позиција за склек, сега можам 30 склека серија ,чисто за споредба.. Сеуште имам сало и малце развлечена кожа. За толку малце исхрана дури и качив мускулна маса
Цели за 2019та: Малце одмор од тренинзи до фебруари продолжувам со стомачни/чучневи/ склекови но одмор од HIIT. По тоа уште еднаш Insanity на најако за да се симне до кај 73-4 нека е цел.. Сакам да се се пробам на Скопскиот маратон 20к да истрчам ама живи здрави до тогаш, ако не 5к секако. Да досимнам значи преостанатиов дел од салово и потоа теретана за малце качување мускулна маса- цел дефиниција не маса.
Тоа е тоа, се на се добра годинава беше за мене. Поздрав и живи здрави се читаме во 2019та