Килажа на преса 240 кила....Свака час!
Јас на преса, после операцијава и после 7 месеци буткам со тег од 5 килограми и буткам со здравата нога, а оваа оперисанава ја штедам, односно подсвесно ја штедам. Сега секој тренинг, првиов месец ги вртам сите вежби, со тоа што прво возам точак некој 25 минути со зададена километража од 10 километри.
После тоа наизменично вртам вежби за сите мускулни групи, три пати неделно.
Од следниов месец сакам да обрнам внимание на нозете, поточно квадрицепсот и листовите. После 2 месеци имобилизација, и 1 месец проодување, а потоа уште два месеци физикална и оправување, многу е атрофиран мускулот. Целата тежина ја осеќам на колено, па затоа морам да ги зајакнам тие мускули. Квадрицепсот најтешко се гради, а брзо паѓа. За два месеца не падна толку кога имав имобилизација, туку повеќе за време на физикалната и неможноста да ја оптеретувам ногата.
Јбга, тетива е многу заебана работа, плус кога е скратена 3,5 цм.
