Се е тоа во ред, само побарав совет од некој што нема предрасуди за суплементи 
Јас немам предрасуди, исто и Дени а претпоставувам и Ѓоко Таневски (Силата - The Force), вака според коментарите. Сум пиел Л-Карнитин, на ултимејт нутришн, според мене одличен бренд, а и цената им е таква и искрено некоја драма со л-карнитинот нема. Моментално девојка ми го пие пред аеробик и она исто неможе да примети некоја драматична разлика со и без него. Можеби нијанса повеќе потење, а можеби и не. Според мене, земи, не е скап, пробај и нема да те јаде јанѕа дека не си пробал, а од друга страна, мислам дека за интензивно кардио можеби би имал некој појак ефект одколку при аеробик и тежински тренинг.