Има разни типови на кондициони тренинзи, при кои се цели на достигнување и одржување на различен пулс на срцето, а со тоа и различен интензитет и времетраење, исто како што има трки на 100, 400, 1500, 10000 метри. Затоа напишав Водно и возење по нагорнина, наместо џогирање по кејот на Вардар.
А зошто мислиш дека не сакам теретани? Ги сметам за неопходни и корисни за брз напредок во силата и формата, кога се работи за горниот дел од телото. Но подобро ми е да се искачам најбрзо што можам по најстрмната патека на Водно, отколку да вежбам нозе во теретана па да седнам на статички велосипед и да вртам во место. И претходно напоменав, мене така ми е поубаво. Вие како сакате правете си. Сакав само да спомнам некои од алтернативите на вежбање нозе во теретана.