Автор Тема: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic  (Прочитано 3681 пати)

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #30 на: 13 Февруари 2026, 18:06:15 pm »
Лани летото прв пат возев службена октавија 1.6 тди 105 кс од 2010та година, 435 000 км имаше во тој момент.

На колата едноставно не и се познаваа километрите дека се толку, се функционираше на неа, никакви звуци, ниту некакви тропкања од подвозје.
Моторот спиеше, рамномерно работење без никаков проблем.
Ја возев неколку пати на отворено до Гевгелија, до Кавадарци без никаков проблем.

Редовно сервисирана.
Комотно да и се врати километражата на 170 000 км, секој ќе верува дека навистина има толку, а не 435 000 км.


Од друга страна, наше официјално задолжено возило беше Рапид 1.6 мпи со плин, пред 4 години во 2021ва декември кога започнав да работам имаше 139 000 км, а сега во декември 2025та кога заминав од таму, имаше 301 000 км.
Од тие 160 000 км кои се поминаа со тој рапид додека јас бев, само јас имав најмалку 80 000 км извозено со тој Рапид.
Речиси постојано беше на отворен пат тој рапид и постојано 140-160 км/ч се возеше по автопат.

На секои 10 000 км редовен сервис, плус ако нешто воочевме дека тропка, веднаш го носевме на сервис.
И без проблеми со тој рапид секогаш во секое време тргнувавме на отворен пат насекаде, никогаш не не остави дефект.
Единствени дупешки што ги имаше беа со плинот, најчесто не префрлуваше, постојано титкаше плинот.

Така да ако редовно се сервисира и одржува возилото, километрите се само бројка.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6810
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #31 на: 13 Февруари 2026, 18:24:46 pm »
Сѐ помалку ќе важи ова за возилата во иднина, пошто сѐ помалку се обрнува внимание на квалитетот на самото возило.

Да, можеби ќе буткаат до 300-400к, ама дали ќе биде тоа исплатливо е прашањето.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7105
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #32 на: 13 Февруари 2026, 18:36:22 pm »
Членот можеби има доволно пари да одржува таква кола, ако нема, реклама5 работи сеуште.
Некој не сака Дачија Сандеро макар и нова.

Според мене подобар избор 3.0тди, него Q5ката.

После 350 илјади што ќе одржуваш бе друже? Извозено ауто, маста извадена.

Те молам стави ги наочарите, кој спомна 350к?
250к е А5ката, 14к не се многу пари за возило од колку, 50.000€ ново ко било?
Ако не е внатре свињарник, и ако не е влав во одржување од механика, се се менува, и ќе го служи колата добро.

Некои ликови овде треба да се помирите со фактот дека не сите сакаат да ги трошат своите пари како што вие би направиле.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2446
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #33 на: 13 Февруари 2026, 20:42:51 pm »
Членот можеби има доволно пари да одржува таква кола, ако нема, реклама5 работи сеуште.
Некој не сака Дачија Сандеро макар и нова.

Според мене подобар избор 3.0тди, него Q5ката.

После 350 илјади што ќе одржуваш бе друже? Извозено ауто, маста извадена.

Те молам стави ги наочарите, кој спомна 350к?
250к е А5ката, 14к не се многу пари за возило од колку, 50.000€ ново ко било?
Ако не е внатре свињарник, и ако не е влав во одржување од механика, се се менува, и ќе го служи колата добро.

Некои ликови овде треба да се помирите со фактот дека не сите сакаат да ги трошат своите пари како што вие би направиле.

Човекот рече дека колата има 348 илјади поминато.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7105
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #34 на: 13 Февруари 2026, 21:17:36 pm »
Пошто пишав јас после постот дека купе А5, коментирав за А5ката.

За Q5ката немам никакво, благодарам.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2446
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #35 на: 13 Февруари 2026, 23:10:01 pm »
Пошто пишав јас после постот дека купе А5, коментирав за А5ката.

За Q5ката немам никакво, благодарам.

Непотребно се напна.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
  • French diamond
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #36 на: 13 Февруари 2026, 23:19:21 pm »
300K на Ауди, Бмв, Мерц и 300К на Опел, Киа, Алфа, ВВ и компанија, не е исто. Создравје да си ја возиш.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #37 на: 14 Февруари 2026, 07:25:42 am »
Километрите не се проблем само и само доколку на возилото е менувано се што треба да се промени. И на моторот. Дизни, турбо, комон реил пумпа, егр, дпф нема да траат вечно а тоа се огин скапи замени/поправки, си осетив ја на своја кожа.

А некој да менува дизни или пумпа превентивно ја таков лик не сум сретнал.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10527
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #38 на: 14 Февруари 2026, 08:35:03 am »
Ма какви, Ауди е тоа, деловите се изработени од супермениум, тоа плочки, дискови, вилушки, спони, пластики, гумички...се тоа е вечно.
Фала богу ДПФ што немам чуено да издржи преку 250.000 км па најверојатно го нема. Се присетувам кога пред 10 години почнаа да фрлаат дрва и камења по него поради увезените со запушени ДПФ, Германецот му извадил макс, балканецот нема друго па бонсекот.
Иста приказна и со DMF, направија бабарога од него..., најверојатно и тука ако не е сменет ќе лапа обичен, ќе рита потоа ама Q5, A5 човече.

Не дека нема да биде слична приказната со Киа, Шкода и компанија со по над 250.000км, ама боље и тоа од нова Дачија, или нов Фиат гранде Панда со рачен менувач за 16.500 или колку рекоа дека ќе бил, или нешто налик со цена.

Збориме за 3.000 евра разлика и 300.000 км

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3518
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #39 на: 14 Февруари 2026, 09:03:53 am »
Не знам што се чудите кај нас е нормално да се возат стари возила, и по 10, 15, па и 20 години стари. Што очекувате, дека тие возила ќе имаат поминато само 20–30 илјади километри? Напротив, најчесто се добро извозени, со „фамозните“ 180 илјади километри на бројач, а да не зборуваме за возила постари од 5 години.

Средината, куповната моќ и менталниот склоп го прават тоа што сме и каде што живееме едноставно така е. Голфови, особено петки, имаат и по половина милион километри поминато, па сепак се возат. Постојат институции што земаат пари од сите нас за да ја регулираат исправноста на возилата и нивната безбедност т.е ние си плаќаме ...

Автомобилот е направен да се вози, па не треба да чуди ако има голема километража возен е. Дали има ризик? Апсолутно да, секогаш има ризик со половно возило кого евентуално се купува.

Со плата од 400 евра и четврта економска сила во Европа што друго да очекуваме и каков возен парк-Јасно се гледа по улиците.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #40 на: 14 Февруари 2026, 09:38:44 am »
Според коментариве, не треба многу членови од форумов да ги продаваат колите воопшто ако имаат над 200к км, одма на преса, зошто да заебете некој да ви ја купи кога е дупка без дно после 200к км.

Не гледам јас проблем што има 250к км, грото коли во државава се со над 400к км а се водат со 160к, така да 250к км одржувана кола уште толку ќе ги направи. Поголемиот проблем е автоматикот плус кватро погонот кои на половна кола можат да бидат скапи поправки, плус 3.0 тди ланче да смениш целодневна операција е.

Со здравје да си ја возиш колата кога ќе ти ја донесат и да се погоди да те вози уште толку колку што има.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10527
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #41 на: 14 Февруари 2026, 09:50:34 am »
Одржувана, ама колку сака нека е одржувана, а најчесто не е и затоа се продава за некој друг да се ебава.

Имам влезено во кола со над 300.000, роскоп жив, секоја чест на исклучоци, но тие исклучоци не се на продажба. Повторувам, не се на продажба!
Само луѓе кои не возеле нова кола не ја познаваат разликата по 150.000км, не па 300/400.000.

И таа граница за грото од 400.000 км може многу лесно да се симне кога народот нема да се лакоми по премиум над премиумите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #42 на: 14 Февруари 2026, 09:52:39 am »
My 2 cents

Повеќето возила до 20000 евра (од средна или висока класа) во Македонија се над 250 000км. Дали сакате увезени дали сакате тука возени.

Така што, веројатноста дека за 13К ќе најдете возило со реални 150 000км и да прави мерак, е многу, многу мала особено во категорија „Џипче да возам“.

На повеќето 20000 евра ни изгледаат многу, ама реалноста е дека ништо салам не се купува (пак ќе напоменам од средна или висока класа) за тие пари.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6668
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #43 на: 14 Февруари 2026, 09:55:21 am »
Тоа е целата поента, едно е 250к на 15 години старо возило а друго е на 250к на 5 години старо возило.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10527
Одг: Mislenje Q5 2013 2.0 TDI 177hp 346000km Stronic
« Одговори #44 на: 14 Февруари 2026, 10:00:51 am »
Исто е бре другар, крш.

Се продава единствено поради бриго преѓи другоме.
Кој критериум е тоа дека со 250.000 колата била џам.

Немам против стари коли со голема километража, имам против наративот дека не фали ништо.