Ако одлучиле да го тераат филмот и да те натераат тебе дека ТИ треба да си „еко френдли“, а не они, зошто не го лимитираат полнењето од старт на 90% и нека пишува горе дека е наполнет 100%?
Едноставно тие 90% искоритеност на батеријата, за тебе се 100% во експлоатација
Ама едноставно последните 3 години статус-кво е состојбата со електрониката од аспект на користење (нови модели секоја година, а исти 3 години по ред), без реален напредок, туку пикање процесорска моќ за да може Чет ЏИПИТИ што е може побрзо да најде чив е Гоце Делчев.
Па ај полнете ги батериите на 90% и ќе ви траат подолго.
Ако е некаква промена, тогаш новите силикон-карбон батерии би требало да донесат некаква промена.
Затоа и се оставени на кинезите прво да имплементираат, да видат дали ќе почнат да експлодираат, па да почнат со помасовна употреба