Да запишам нова кола у гаража. Го земав X1 `привремено` и барав кола долго време, сега пред нова година демек попусти, па почнав малце поактивно и таман се откажав, испадна ова. Колата е тука од Марјан, чувана, пазена, мазена и во топ состојба, без замерки што би рекле ФАБРИКА.
1.6 T-GDI 180KS DCT7 FWD - Моментално нешто ситно под 50.000км.
Се погоди лошо време па немам како да ја сликнам, искористив неколку слики од другата оргинална тема.
Опрема има многу, ке издвојам неколку работи што ми се баш по кеф.
Комплет LED светла напред и назад.
Кожни седишта со греење и напред и назад.
Адаптивен темпоман со одржување на лента.
Apple CarPay.
Матрикс светла, предобра работа за возење.
Камера за знаци и лимитер да одржува брзина по знаци.
На 120-130 е многу тивка, не најдов во информации за нашиот пазар, некаде пишува дека е со екстра изолација.
Бојата ми прави многу кеф со црни лајсни.
2 големи екрани внатре, работат перфектно, брзо.
Keyless отклучување/заклучување и старт/стоп.
Едина замерка што имам до сега е амбиенталното светло, многу е слабо.



