Ајде уште една Астра Г во гаража...
Количето стакло изгледа, само што е тоа на десната предна врата
Кажи ни повеќе инфо за количето И уште долго да те служи
Значи сум возел разни коли ама во опел зе заљубив, посебно во моделите астра. цела моја фамилија па и повекето познаници возат опел, кој вектра, кој астра, корса, али астрата преовладува, некако удобна вожња има. Инаку тоа на вратата налепница е, sportline пишува, така ја земав. Иначе колава е земена од Швајцарија. Еден дечко од илинден ја донел и штом ја видов љубов на прв поглед. Одлично е сочувана, како внатре така и надвор. пред да се купи носена е во автомакедонија и уште во 2 гаражи кај пријатели кои се заебаваат со опели. кревана е на дизалици ставана на компјутери и чуда. Сепак сакав да знам што е и како со колава! Сепак знаеме сите какви дубари и превари се праат со коливе. Моторот преде како маченце, каросериски е супер, амортизација одлична, фул опрема. само тук таму некое прегорено сијалице на таблата - ситница. Штом ја зедов и опнав плинче пошто богами низ град појди застани 10-11 јаде, а со цениве на бензинот не се искача на крај.
Како и да е до сеа сум презадоволен, си влече колата, стабилна е. сепак OPEL си е OPEL.
ПОЗДРАВ