Автор Тема: Одлепено огледало од ретровизор  (Прочитано 305 пати)

Отсутен GT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одлепено огледало од ретровизор
« на: 29 Октомври 2025, 14:51:31 pm »
Ми се одлепи и испадна (не е скршено) огледалото од ретровизорот. Некое време претходно на одредена брзина над 100 забележував дека малку игра огледалото, ама мислев дека е нешто до тркалото. Сега од седење се одлепило и испаднало самото. Не знам колку е паметно да изигрувам сам свој мајстор. Чаре? :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 436
  • Macedonia
Одг: Одлепено огледало од ретровизор
« Одговори #1 на: 29 Октомври 2025, 14:59:51 pm »
1. Залепи го пак со неостик
2. Нов ретровизор

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Одлепено огледало од ретровизор
« Одговори #2 на: 29 Октомври 2025, 16:08:57 pm »
Мене така на една кола ми се одлепи, го залепив со двострано леплива лента. Ми беше страв да ставам лепак од тип на Неостик за да не биде изолатор, бидејќи ретровизорот ми беше со грејач. Ако е обичен кај тебе, немаш гајле и со Неостик. Нема потреба да фрлаш пари за нов ретровизор или не дај боже нов-кинески.
Своерачен потпис ;)

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7290
Одг: Одлепено огледало од ретровизор
« Одговори #3 на: 29 Октомври 2025, 16:51:53 pm »
И кај мене се одлепуваа, ако најдеш ваков дуплофан со ова залепи ги:

За држење ќе држи, само прво исчисти со алкохол и двете површини.

Работата е дали ќе функционираат греачите (ако имаш).


Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Одлепено огледало од ретровизор
« Одговори #4 на: 29 Октомври 2025, 18:53:43 pm »
Имав сличен случај со Голфот и го сетив на автопат Велес -Скопје, точно пред да падне. Ми беше шубе да возам без него низ Скопје. Заправ на бензиска и земав од тие брзите лепаци Loctite, и го залепив. Мислев дека ке биде привремено, па дека ке треба со силикон да го лепам пак. Барем јас така мислев, не ни помислив на греачот за ретровизорот, дека може да не работи. Но си работеше, и си остана залепен со тој лепак, повеќе од две години, така и ја продадов колата.

Sent from my 22101316G using Tapatalk