Автор Тема: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори  (Прочитано 14306 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« на: 22 Декември 2011, 15:02:48 pm »



LANDI RENZO СИСТЕМ СО ДВЕ ГОРИВА (DUAL FUEL)

Решенија ,,клуч на рака,, за LCV/HDV (лесни и тешки возила) и автобуси

1.     Бизнис идеја
2.     Достапни технологии
3.     Флексибилност и Примена
4.     Референци и Примери




1.   Бизнис идеја

Освежи го стариот загадувач, дизел возилото, во возило кое штеди пари и ја чува околината преку „посветена CNG (Метан) или две-гогрива(Dual-fuel)“ технологија

 Предности:
-предност во цената при потрошувачка на гориво
-намалување на емисии на одредени честици

 Примена:
-модернизирање: зголемување на векот на стариот дизел мотор за мала цена
-OEM: зголемување на векот на PM (particulate matter) филтерот, намалување на фрекфенцијата на регенерација

Варијабили за оптимизација на системот:
-,,PM” редукција
-CO2 редукција
-Заштеда кај цената на горивото
-Одржување на заштедата
-Зголемен радиус на возење


Ограничувачки варијабили на системот:
-Издрживост на моторот (притисок на согорување, вртежен момент,   температури)                                              
-Управливост
-Други загадувачи (MHC)

Технички принцип

Dual Fuel е систем за конверзија на дизел мотори кој овозможува да функционираат со мешавина на дизел и CNG. За време на работа, системот го обезбедува и контролира истовременото вбризгување на CNG и дизел во променливи проценти според Работната Точка на моторот (број на вртежи во минута, TPS, и.т.н.).
Јасната предност на овој тип на конверзија е дека е отповиклив и има предност да обезбеди заштеда на гориво и намалување на штетните издувни гасови (емисии) без да биде стриктно условен од достапноста на адекватна мрежа на станици за напојување со гориво бидејќи возилото може секогаш да се врати на оригиналното гориво. Друга предност е зголемување на поминатата километража поради додатните резервоари за гориво (Метан).






2.   Достапни технологии

Со технологијата со две горива не се потребни модификации на моторот бидејќи стартувањето сеуште се врши со вбризгување на дизел гориво, додека CNG се вбризгува во всисниот колектор преку посебни бризгалки за вбризгување CNG гориво. Вбризгувањето на CNG се контролира преку посебен ECU (електронска контролна единица) која  го контролира и процентот на вбризганиот дизел во сите работни услови.

Поточно, Dual Fuel системот со две горива ја гарантира правилната работа на моторот во два режима:
-режим на работа на дизел
-режим на работа со две горива

Секоја работна точка на моторот во Dual Fuel режимот на работа на моторот ќе го има истиот вртежен момент со цел да се гарантираат истите целни вредности на актуаторите и сензорите од моторот. Додадениот CNG се компензира со намалување на дизел горивото.







Со други зборови...





Landi Renzo Dual Fuel систем за дизел мотори со механичка (бош) пумпа



Landi Renzo Dual Fuel систем за дизел мотори со common rail вбризгување





Технички принцип
Dual Fuel: најфлексибилна примена и најштедливо решение за подобрување на издувните гасови на дизел мотори

-Намалување на “PM”честичките со 40%
-Заштеда на гориво до 25% (земајќи ги просечните цени на дизел и CNG во Европска Унија)
-Возилото е независно од мрежата на станици за CNG гориво
-Намалување на бучавата до 40%
-Зголемен век на употреба  на постари возила кои не соодветствуваат со моментните регулативи за издувни гасови


Модификации:
- додавање на систем за CNG гориво, CNG ECU
- можна инсталација на CH4 катализатор
- инсталација на резервоар за CNG








3.     Флексибилност и Примена









4.     Референци и Примери

Dual-Fuel системот не зависи од еден единствен мотор. Пристапот на Landi Renzo се базира на докажување на сигурноста и траењето преку тестирање мотори и возни паркови (флота на возила)




Дизел мотори со механичка пумпа






Дизел мотори со електронска контрола

















LANDI RENZO СИСТЕМ СО ЕДНО ГОРИВО (MONO FUEL)

Примена:
-   модернизирање: зголемување на векот на постарите возила кои не се комплементарни со моменталните регулативи
-   OEM*: намалување на штетните честички 100%
(*OEM - се мисли на производители на возила)

Варијабили за оптимизација на системот:
-   Потенцијално способни за било која целна емисија на издувни гасови
-   Заштеда кај цената на горивото
-   Управливост


Oграничувачки варијабили на системот:
-   Механичка конверзија на дизел моторот
-   Инсталација на резервоари

Технички принцип

Mono-Fuel или „Единечно гориво“ е конверзија на дизел мотори во Otto Cycle мотор со модификација на оригиналниот принцип на работа на моторот. Обично се изведува со замена/преобразба на главата на моторот во типична глава опремена со свеќици.
Вториот чекор е да се отстрани оригиналниот систем за вбризгување на гориво и да се инсталира типичен CNG систем со резервоари, вентили, регулатор на притисок, инјектори или плочка во согласност со бараната технологија на моторот и ниво на издувни гасови.
По конверзијата возилото ќе вози само на CNG (MONO FUEL).
Главни предности се големо намалување на штетните издувни гасови и заштеда на гориво.

Со технологијата за единечно гориво потребни се големи механички модификации на моторот бидејќи нема палење при согорување на дизел гориво и неговата стапка на компресија во комората е различна од таа на мотор на бензин.  CNG се вбризгува во всисниот колектор преку CNG бризгалките како што беше случај и кај DDF (Dual Fuel- двојно гориво). Управувањето со вбризгување и палење на CNG го врши посебен ECU (електронска контролна единица) која го контролира и согорувањето преку сензорот за притисок, во сите работни услови.

Систем со плочка (мешач CNG/воздух)



Систем со вбризгување (инжексион систем)


Технички принцип

CNG MONO FUEL ( едно гориво): Најнезагадувачко  по околината и штедливо решение за подобрување на штетните емисии на дизел моторите

-Потенцијално способни за било кое целно ниво на емисии на штетни гасови
-Намалување на штетните честици до 100%
-Заштедување на цената на горивото до 50% (според просечната EU цена на CNG и дизел)
-Зголемување на работниот век на постарите возила кои не се комплементарни со моментните регулативи.



Примена

Основни намени се:
Конверзија на дизел мотори (од средни дизел мотори до најголемите стационарни електрани) на CNG или LPG –или Dual Fuel.

Производство и одржување на возила  во служба на главните локални производители (т.е. Autodromo, Bredamenarini Bus, MB, MAN и други).

Конверзијата од дизел мотор на мотор кој користи само CNG се состои од 3 чекори:

1.   Модификација на моторот;
2.   Распоредување и инсталација на комплетот
3.   Резервоари за гас / цевководи / и нивна инсталација на возилото кое се конвертира

СЕКОЈ КОМПЛЕТ Е КОНКРЕТНО ПОСВЕТЕН ЗА КОНВЕРЗИЈА НА САМО ЕДЕН ЕДИНСТВЕН МОДЕЛ!























LANDI RENZO ХИБРИДНА КОНВЕРЗИЈА КАЈ ДИЗЕЛ МОТОРИ












« Последно менување: 22 Декември 2011, 17:21:12 pm plimont »

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #1 на: 23 Декември 2011, 12:19:10 pm »
Interesno ! Dali moze na 1.9 SDi da se instalira CNG sistem i sekako i koja e matematikata ? Licno moslam deka e poisplatlivo na motori so golema zafatnina.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #2 на: 23 Декември 2011, 16:34:06 pm »
Interesno ! Dali moze na 1.9 SDi da se instalira CNG sistem i sekako i koja e matematikata ? Licno moslam deka e poisplatlivo na motori so golema zafatnina.

Спецификациите кои ги имаме се од општ карактер слично на тие што ги постиравме.
Ова е прилично нова технологија која Landi Renzo ја нуди за големи купувачи со флота на возила, на пример Градски Транспорт, или како проектот со неколку илјади генератoри кој го реализираа за арапските земји, и сеуште не е приоритет овие уреди да влезат во стандардната понуда преку дилерската мрежа.
Кога пред една година побаравме уреди за неколку клиенти со помал број на возила, не ни излегоа во пресрет и побараа флота на возила за да се ангажираат за испорака на уреди.
Ние повторно испративме барање за неколку типови на возила, меѓу кои е и вашиот тип  -1.9 SDI, ќе почекаме на одговор.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #3 на: 19 Февруари 2012, 01:14:09 am »
ај ја да опитам нешто....

дали цнг вентилот исто се поврзува на греење како и кај плинот, за одмрзнување или загревање на метанот? може ли метанот да смрзне како плинот, и од која работна температура на моторот ке може да се користи? дали е возможно на дизел возило да се направи да работи само на метан како кај бензинските мотори и ако не може, зашто мора да биде мешавина?

бидејки погоре пишавте дека се работи за мешавина, што ке се случи кога ке се потроши метанот? уредот ке отвори само на нафта или ке опчне да “кашла“ ради недостаток од метан т.е. целосно нафта?

бомбрадирав со прашањава ама ајде... одговарјте
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #4 на: 23 Февруари 2012, 21:17:21 pm »
a be onak, ti si ksmetlija :) Vozi si go Volvoto i pej si na metan e top eftino poeftino od dizel. Ja se mislam koga ke mi stignat vozilava za prenos na pocinati lica dai da stavam plin ili metan ? Mercedes S280 benzin golta mnogu.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #5 на: 24 Февруари 2012, 00:38:22 am »
ај ја да опитам нешто....

дали цнг вентилот исто се поврзува на греење како и кај плинот, за одмрзнување или загревање на метанот? може ли метанот да смрзне како плинот, и од која работна температура на моторот ке може да се користи? дали е возможно на дизел возило да се направи да работи само на метан како кај бензинските мотори и ако не може, зашто мора да биде мешавина?

бидејки погоре пишавте дека се работи за мешавина, што ке се случи кога ке се потроши метанот? уредот ке отвори само на нафта или ке опчне да “кашла“ ради недостаток од метан т.е. целосно нафта?

бомбрадирав со прашањава ама ајде... одговарјте

ало бре...?????
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #6 на: 24 Февруари 2012, 00:57:55 am »
За големи компании е исплатливо ама за мене лично не,скапа инвестиција која после миниум 100К км би ми се исплатила...Сега за сега јок :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #7 на: 02 Ноември 2017, 17:34:51 pm »

80mpg - 2.95л/100км

Викаат неколку стотици долари е конверзијата. Мислам дека некаде најдов информации околу 400-500$

Како се цените кај нас?

Присутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Употреба на метан (CNG) кај дизел мотори
« Одговори #8 на: 14 Ноември 2017, 15:00:07 pm »
@plimont  ?

Се вградува ли кај нас ова?
Како е математиката за 2,4јтд / 10 вентилски 136кс фабрички?