Автор Тема: Проблем со Опел Астра код p0170  (Прочитано 538 пати)

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #15 на: 28 Август 2025, 15:09:09 pm »
Јас имам некоја мака само на бензин. Повремено не пали од прва ама во последно време и не оди на бензин како што одеше. Како да и умреле 15-20 коња. Понекогаш на бензин се случува и по некоја детонација во усис. Во лер работи мирно ама кога ќе дадеш гас се осеќа дека млитаво ги крева обртаите. Сите сензори ги проверив и сите се во ред. Останува уште евентуално дизни да исчистам. Дури и пумпата ја извадив да видам да не затната/прљава ама за чудо беше чиста.
Акумулаторот е 10 месеци стар. Грешка на дијагностика нема. Така да продолжувам да го барам проблемот ама најверојатно ќе испадне дека е до вентилот за висок притисок а тоа значи нова пумпа.
Ако и на бензин имаш детонации, тогаш провери го електронскиот вентил на плинот. Можно е да не затвора  убаво и да пушта плин по малку во дизните, а со тоа и да прави детонации. Ако ти е монтиран во Плимонт тогаш 90% е до тоа.
Мириса ли по малку на плин околу кола после неколку часа не возење?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #16 на: 28 Август 2025, 18:52:17 pm »
Само на бензин имам проблем, на плин се си е по пропис. Да, во плимонт е монтиран. Ајде ќе пробам и тоа, ќе го затворам плинот па ќе видиме што ќе се деси. Мирис на плин нема без разлика дали се вози подолго или стои подолго.

Инаку симптомите се тие, на прво палење пали од втора-трета, трома е на бензин од 1000-2500 рпм дури и во место ако дадам гас до 2500рпм како да е мачи. Ако дадам нагло гас тогаш знае понекогаш да има некоја детонација. А ако давам полека гас тогаш како да нема проблем. Кога е ладна да речеме првите 2-3 минути од палење, тогаш прима, иде се како што треба. Како загрева така проблемот е поизразен.

Чуден проблем што веќе ме измачува месец дена, а грешки нема запишано. Останува да чекам да цркне тоа што почнало да се расипува.