Автор Тема: Проблем со Опел Астра код p0170  (Прочитано 539 пати)

Отсутен Savce123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Проблем со Опел Астра код p0170
« на: 27 Август 2025, 02:11:34 am »
Го има ли некој решено проблемот со дијагноза код p0170 - fuel trim malfunction bank 1

Симптоми - на ладен старт (8+ часа непалена) паѓаат обртаи под 1000, обртаи не качува кога стискаш гас педал, колата се мачи да се стабилизира 2 минутки, па се стабилизира.

Астра H, мотор 1.4 16в со вграден плин.

Пробано - сменети свекици, О² сензори, очистена клапна, очистен МАФ сензор...

Дали сте имале ваков проблем? Решение за проблемот или барем каде ја однесовте да ја однесам да го решат проблемот?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #1 на: 27 Август 2025, 11:53:08 am »
Очистен МАФ не значи дека е исправен ама добро е што си го изчистил.

Од ова што гледам може да и проблем со затнати дизни и проблем со регулација на притисок на гориво.

https://www.facebook.com/watch/?v=1154841392956100 1500 денари ќе ти ги проверат дизните/исчистат дизните.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #2 на: 27 Август 2025, 13:57:59 pm »
Имал некој искуство со дечкиве за чистење дизни?

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #3 на: 27 Август 2025, 14:00:57 pm »
Тој регулаторот е заебана работа. На неколку коли, не го регистрира компјутерот, а знае да мрси муда.

Исчисти ги и плинските дизни, ќе ја препородиш колата.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #4 на: 27 Август 2025, 14:08:00 pm »
На опелите најчесто е сместен во склоп со бензиската пумпа, компјутер не го регистрира а ако треба да го замениш со нов, тогаш треба да ја замениш цела бензиска пумпа комплет со се пластиката.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #5 на: 27 Август 2025, 14:45:05 pm »
И тоа претпоставувам кошта 150/200 евра.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #6 на: 27 Август 2025, 15:00:48 pm »
Од 14 000 до 32 000 денари зависи од моделот, а тој регулатор верувам дека не кошта повеќе од 300 денари.

Отсутен Savce123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #7 на: 27 Август 2025, 16:09:33 pm »
Значи да пробам со чистење на дизните на бензин и плин, а ова со регулаторот како да се провери?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #8 на: 27 Август 2025, 16:12:57 pm »
Moze da e i losa plinska mapa

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #9 на: 27 Август 2025, 18:25:30 pm »
Значи да пробам со чистење на дизните на бензин и плин, а ова со регулаторот како да се провери?
Да се измери притисок на регулаторот на пумпата.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #10 на: 27 Август 2025, 21:47:15 pm »
Земи мени акомулатор ако е стар или пробај со понов, кај мене истите глкчови се дешаваа од ослабен акомулатор. Менав нов све изчезна. После тоа ако се издешава срање знам дека ми е од бензинот од Лукоил, менав на Макпетрол, пак фабрика е колата, претходно ми беше комбо од двете и клапни и дизни чистев и све за џабе.
Евееентуално исто да се провери  бензинската пумпа,сеа ми текна дека и таа ја менав оти беше ослабена ептен кога тестираа све.
Типувам на нешто од овие три или комбо од сите како кај мене :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #11 на: 27 Август 2025, 23:20:58 pm »
Кои симптоми ги имаше колата кога беше ослабена бензиската пумпа?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #12 на: 27 Август 2025, 23:42:35 pm »
@Zile Овие три заедно и поеднинечно испадна дека се истиот гремлин кај мене, при прво палење долго верглаше, ја гуши гаста како да повраќа на орво палењe, варираше обртаи. На самиот крај приметив дека на бензин многу послабо почна да трга колата, дизните не беа кузнај нешто за чистење, пумпата друкала многу слаб притисок. Ја менав беше ок почнав да сеќавам пак истото, почнав да турам пак од Лукоил бензин, пак некое време се ок. На крајот пак истите срања сњ дешаваа кога мена времето со шо знаев одамна дека акомулаторот е готов ама терав инает со полнење пецкање, а гличаше веќе и на светла на гас сецнување, го менав со нов и то е то. Ништо нема веќе зуцнато пола година. Моментално ставам шо ќе најдам од бензин/плин низ грција, спијам внатре го цивам акомулаторот без да вадам клема како порано. Немет ништо.
Сеа едино се дешаваат срања ако турам од Лукоил гориво, нешто го неќи моторот колку и да е глуп атмосверец.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #13 на: 28 Август 2025, 06:01:29 am »
Јас имам некоја мака само на бензин. Повремено не пали од прва ама во последно време и не оди на бензин како што одеше. Како да и умреле 15-20 коња. Понекогаш на бензин се случува и по некоја детонација во усис. Во лер работи мирно ама кога ќе дадеш гас се осеќа дека млитаво ги крева обртаите. Сите сензори ги проверив и сите се во ред. Останува уште евентуално дизни да исчистам. Дури и пумпата ја извадив да видам да не затната/прљава ама за чудо беше чиста.
Акумулаторот е 10 месеци стар. Грешка на дијагностика нема. Така да продолжувам да го барам проблемот ама најверојатно ќе испадне дека е до вентилот за висок притисок а тоа значи нова пумпа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проблем со Опел Астра код p0170
« Одговори #14 на: 28 Август 2025, 13:35:19 pm »
Ако имате плин ни под разно резервоарот под 1/4. Јас на Нубирата ја зезнав бензинската на времето. После ставив пумпа од Е39, оти фабричката беше гној посекако, колата се препороди.