Би требало да земам еден Суперб во октомври, чекаат луѓето нов Суперб, па треба да го остават стариот. Исто е купен нов кај мене, има околу 110.000км, 2.0 ТДИ со рачен менувач, 2019та година.
Кога ќе го земам ќе го објавам пак овде прво.
Здраво дали држиш само Шкода или и Волксваген? Дали можеби имаш Golf 8 TDI, DSG, Style, 2.0, со панорамски кров, над 2021 година? И ако да која е цената?Благодарам.
Половни коли работам многу ретко, само нешто вака земено старо-за-ново, купено тука и од прв сопственик. Годишно продавам не повеќе од 5-6 половни коли.
Честитки! Не знаев дека вие, како член на форумот, сте дилер за брендот Шкода во Македонија. Ви посакувам успешна работа и многу задоволни клиенти.
Чисто информативно, ако имате некој допир со Волксфаген – бидејќи за нас купувачите Шкода и Волксваген се поврзани – би сакал да прашам околу Голф 8: дали навистина се очекува покачување во септември, ако имате такви информации? Дали знаете која би била новата цена и зошто чекањето за нов автомобил е дури цела година? На што се должи тоа?
Уште многу успеси и баш ми е мило, браво!
Должам и извинување ако сум бил понекогаш груб кон брендот Шкода или ако сум ве довел во незгодна ситуација. Но, сепак, како човек имам право на рационално размислување и изнесување на став кон одредени работи. Убавината, сепак, лежи во различните ставови и разлики, а да не навредиме или повредиме некого – бидејќи само така стануваме подобри од взаемноста.