Автор Тема: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar  (Прочитано 2010 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #15 на: 21 Јули 2025, 11:21:35 am »
Volvo XC90 T6 (бензин) Inscription 2017 - 24900 EUR

Со 147 000 км.

И јас сакам Шкодата да ја продадам 35000 евра (ефтино ама убаво нема) ама сеа не сакам да ми се смее светот :)



Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #16 на: 21 Јули 2025, 11:33:14 am »
Иста моторизација

2017 34.700 EUR со 134000 поминати https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/volvo/xc90/bpidhc.html

2018 28.800 EUR со 200000 поминати https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/volvo/xc90/bpekjk.html

еве да кажеме дека во МК се високи давачките, сепак другар ти забегал за едно 10к минимум.
29.000eur + 18% ДДВ = 34.200еур. А цената на увоз оди вака некако
(Цена на кола + транспорт, царина, ЦО2, данок на вредност) х 18% ДДВ
29.000 + 1000ЕУР + 1450 + 500? ( ЦО2) + 1000? (Данок на вредност, секоја кола над 10000еур се рачуна како луксуз, колку поскапа толку повеќе данок, не би знаел колку е тука точно) + 18% + хомологација 100еур + регистрација, таблици 300еир

Стасуваме до околу 40.000 еур. Не значи дека ми е точна математиката, но не е толку далеку од цената. Плус, нема гратис корозија од литванските зими.
Да се разбереме, немам интерес од продажба на волвото, немам интерес никого да бранам, само да бидат јасни работите и да нема заблуда за увоз на возило.
Најгруба пресметка е 40% од цената што ќе се плати таму до македонски таблици, така беше кога го увезувавме БМВ, исто и со хондата.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #17 на: 21 Јули 2025, 12:04:07 pm »
Да ги резимираме работите како што треба. Никој не оспорува дека Волвото е лошо возило – напротив, и по изглед, и по боја, и генерално како возило, е одлично, можеби и повеќе од тоа. Но, возилото е максимално искористено и возено, а впрочем и затоа било купено – да се вози по патишта.

Но, над 40.000 евра да се даде за возило кое веќе има помалку од 300.000 километри, тоа веќе е загрижувачки. Зошто го велам ова? Затоа што е премногу. Не вреди. Кратко и јасно.

Можеме ние да се натегаме колку сакаме, ама ако му кажеш на некој: „Зедов Волво со нешто помалку од 300.000 километри“, и тој те праша: „Колку пари?“, а ти одговориш: „Околу 40.000 евра“, треба човек да е со некоја фалинка, нели?

Тој што го продава – добро си прави. Како и нашиве препродавачи што носат такви „нови“ користени возила, ги средуваат и ги препродаваат. Не велам дека нема да најде купец, ама по таа цена – нема шанси. 32-33 илјади евра максимум – и тоа е тоа. Сакале – не сакале, тоа е реалноста.

Ќе дадам еден пример – без да споменувам име – за еден „император“ за половни коли на Јадранска магистрала. Има Лен Ровери, BMW, Audi, Mercedes – голем избор. Цените му се слични како на Волвото. Две години скоро ништо не продава. Сега гледам ги спуштил цените – и тие што беа реални, се продадоа веднаш по нормална цена.

Значи, има нешто тука. Ако ти лежи ауто две години, а бараш ќар скоро 10.000 евра од него – треба да си будала. Народот веќе не пие нафта. Сега за секое возило, за неколку часа можеш точно да знаеш колку ќе те чини сè – и регистрација, и царина, и осигурување.

Па и за ова Волво, со дупло помала километража, пак ќе биде поевтино.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #18 на: 21 Јули 2025, 13:01:24 pm »
Иста моторизација

2017 34.700 EUR со 134000 поминати https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/volvo/xc90/bpidhc.html

2018 28.800 EUR со 200000 поминати https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/volvo/xc90/bpekjk.html

еве да кажеме дека во МК се високи давачките, сепак другар ти забегал за едно 10к минимум.
29.000eur + 18% ДДВ = 34.200еур. А цената на увоз оди вака некако
(Цена на кола + транспорт, царина, ЦО2, данок на вредност) х 18% ДДВ
29.000 + 1000ЕУР + 1450 + 500? ( ЦО2) + 1000? (Данок на вредност, секоја кола над 10000еур се рачуна како луксуз, колку поскапа толку повеќе данок, не би знаел колку е тука точно) + 18% + хомологација 100еур + регистрација, таблици 300еир

Стасуваме до околу 40.000 еур. Не значи дека ми е точна математиката, но не е толку далеку од цената. Плус, нема гратис корозија од литванските зими.
Да се разбереме, немам интерес од продажба на волвото, немам интерес никого да бранам, само да бидат јасни работите и да нема заблуда за увоз на возило.
Најгруба пресметка е 40% од цената што ќе се плати таму до македонски таблици, така беше кога го увезувавме БМВ, исто и со хондата.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk



Имаш опција за поврат на ДДВ од Германија од околу 19%. На 30.000Е почетна, тоа се 5700Е пониска финална цена. На страна помала километража. 

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #19 на: 21 Јули 2025, 13:21:02 pm »
Пак си доаѓаме на истото, околу 35к макс. За 45 се зима половно волво хц90 со економичен дизел мотор со многу поново годиште некаде 2020 и километража макс 60.000км

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #20 на: 21 Јули 2025, 13:33:56 pm »
45.000 евра – може да се најде половен BMW X5 xDrive, Mercedes GLE или пак Audi Q8. Тоа е сосема мрсен буџет, да не се лажеме. Плус, од 2020 до сега поминале 5 години – џабе, времето лета, тоа не може да се заустави.

Volvo како Volvo – одлична кола.Ако ми го даваа ново за околу 33.000 евра, ќе си купев XC40 без двоумење. Толку беше во Србија, толку и барав кај нас да ми го продадат. Им објаснив, ама не попуштија – велат: „Не, кај нас е толку, знаете царини, марини, ова-она…“Ако ти одговора 39 чинам беше во ред ако не ништо , добро велам нене 33 МИ ОДГОВАРА ви давам зимајте или нема ни денар повеќе/Не да сте живи здрави за убаво и арно да се гледаме.

И ете така – трговија е тоа, секогаш има цена. Ова не го кажувам како критика, туку како нормална комуникација. Ниту сакам некој продавач да го потценам, ниту пак да го навредам. Јас ниту се лутам, ниту се навредувам – сосема нормално е човек да преговара. Ако не се договориш – не е крај на светот.

Колку повеќе различни мислења има, толку подобро се сфаќа темата. Јбг, немаме сите ист капацитет, и баш затоа е важно да се слушнеме едни со други

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #21 на: 21 Јули 2025, 13:40:25 pm »
За мене кола со 200 000 километри поминати,  ниту е убава ниту е евтина.

Може да е убаво чувана, перена и полирана, тоа не е спорно,  ама амортизацијата си е тука.



Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2468
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #22 на: 21 Јули 2025, 14:12:07 pm »
За мене кола со 200 000 километри поминати,  ниту е убава ниту е евтина.

Може да е убаво чувана, перена и полирана, тоа не е спорно,  ама амортизацијата си е тука.

Да, ама чувана се подразбира и механички, а не само козметички и визуелно.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #23 на: 21 Јули 2025, 14:43:27 pm »
За мене кола со 200 000 километри поминати,  ниту е убава ниту е евтина.

Може да е убаво чувана, перена и полирана, тоа не е спорно,  ама амортизацијата си е тука.

Да, ама чувана се подразбира и механички, а не само козметички и визуелно.



Без разлика, се да е одржувано по пропис, сепак си постои замор на материјалот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #24 на: 21 Јули 2025, 15:25:51 pm »
Каков замор што зборуваш побогу? За кој конкретно материјал толку е проблем? Сепак правиме муабет за волво не за дачија или опел. Да, ќе има мала истрошеност некаде во ентериерот но доколку возилото се вози по нормални патишта подвозјето ќе е идентично како од прв ден. 

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #25 на: 21 Јули 2025, 16:06:09 pm »
Викаш твојот голф исто вози со нов голф а ? Нема раздрнкани пластики, не е ослабен во снага, нема пропаднат или изабен сунѓер на седиште од користење, нема  ослабени/истрошени амортизери после 200К и слично ?  Дали сам си веруваш на муабетот?
Колку баба шо ќе е иста со некоја млада невеста, толку и голфот или волвото ќе се исти  со нова кола.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #26 на: 21 Јули 2025, 16:15:35 pm »
Каков замор што зборуваш побогу? За кој конкретно материјал толку е проблем? Сепак правиме муабет за волво не за дачија или опел. Да, ќе има мала истрошеност некаде во ентериерот но доколку возилото се вози по нормални патишта подвозјето ќе е идентично како од прв ден. 

Друже ни сонцето не свети исто како првиот ден.

Мотор, подвозје, сите механички делови биле извозени 200 000 километри. Сите гумени делови итн итн, исто така биле амортизирани и некој ја искористил таа амортизација за комфорно да патува. Затоа и се плаќа тој премиум, за да се осеќаш премиум ако можеш да си го дозволиш тоа.

Не сум стручен, но закони на физика веројатно важат исто за сите брендови, без разлика на репроматеријали. Да, ентериерот сигурно е сочуван и не е на ниво на тој што би бил во Дачија Бигстер после 200 000. 


Мислам дека се согласивме на твојата тема дека и ти би го продал Голфот после 200ккм. Дали сметаш дека треба да го огласиш за 24000 евра бидејќи е одржуван и чуван?

Амортизација си постои кај секое возило. Бесмислено е да лупаш цена затоа што ти сметаш дека вреди колата 45 000 евра.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #27 на: 21 Јули 2025, 16:31:16 pm »
Докторе, те утепаа. А ти само услужно постави оглас.  :)

пс : Мноогу убава кола.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #28 на: 21 Јули 2025, 17:33:56 pm »
Како го утепавме?! Зар треба сите исто да размислуваме и да не се оди цртата на не-реалност, или пак средно сопатало да галиме? Нормално дека ќе има различни размислувања и треба да има и позитивно, и негативно, и критички, и аргументирано. Во секој сегмент опфатена целосна конструктивна дебата. Волвото е прекрасно, како надворешно така и внатрешно – визуелно заклучено, тој шмек на Волво и во наредни години е ист.

Поздрав до нашиот ценет почитуван доктор.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Услужен оглас: Volvo XC90 T8 R-line Polestar
« Одговори #29 на: 21 Јули 2025, 17:41:57 pm »
Таман работа, ова е форум, секој со свое мислење, почитувано секое што е напишано. Сите си имаме некој лимит кога бираме нешто. Јас не би купил возило со толку километри, ама од друга страна не би купил ни ново од салон. За мене оптимум е нешто со малку километри па до макс. 150.000км и да продадам пред 200.000. Некој сака нова од салон, макар пониска класа, некој сака висока класа, макар и со многу километри. Кога ја бирав хондата, имаше за 1.500еур повеќе неувезена, со некои 80.000км и основен пакет опрема, јас одбрав 140.000км со сервисна историја и executive ниво опрема.
За телефон исто, некој купува на старо, некој попрво нов А56 отколку 2 години стар Ѕ23 ултра.
Пазар е, за се има муштерии, и волвото ќе си го најде новиот сопственик, е сега за која цена, тоа ќе видиме :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk