Да ги резимираме работите како што треба. Никој не оспорува дека Волвото е лошо возило – напротив, и по изглед, и по боја, и генерално како возило, е одлично, можеби и повеќе од тоа. Но, возилото е максимално искористено и возено, а впрочем и затоа било купено – да се вози по патишта.
Но, над 40.000 евра да се даде за возило кое веќе има помалку од 300.000 километри, тоа веќе е загрижувачки. Зошто го велам ова? Затоа што е премногу. Не вреди. Кратко и јасно.
Можеме ние да се натегаме колку сакаме, ама ако му кажеш на некој: „Зедов Волво со нешто помалку од 300.000 километри“, и тој те праша: „Колку пари?“, а ти одговориш: „Околу 40.000 евра“, треба човек да е со некоја фалинка, нели?
Тој што го продава – добро си прави. Како и нашиве препродавачи што носат такви „нови“ користени возила, ги средуваат и ги препродаваат. Не велам дека нема да најде купец, ама по таа цена – нема шанси. 32-33 илјади евра максимум – и тоа е тоа. Сакале – не сакале, тоа е реалноста.
Ќе дадам еден пример – без да споменувам име – за еден „император“ за половни коли на Јадранска магистрала. Има Лен Ровери, BMW, Audi, Mercedes – голем избор. Цените му се слични како на Волвото. Две години скоро ништо не продава. Сега гледам ги спуштил цените – и тие што беа реални, се продадоа веднаш по нормална цена.
Значи, има нешто тука. Ако ти лежи ауто две години, а бараш ќар скоро 10.000 евра од него – треба да си будала. Народот веќе не пие нафта. Сега за секое возило, за неколку часа можеш точно да знаеш колку ќе те чини сè – и регистрација, и царина, и осигурување.
Па и за ова Волво, со дупло помала километража, пак ќе биде поевтино.