Здраво екипо 
Во план сум да го земам количево . Е сега прашањето ми е некој да каже нешто околу овие мотори на рено 1.9 дци/131кс
Предности мани. Колата има поминато околу 220000 ( барем така ми е кажано)
Дека има 220.000км да видам да не верувам. Просекот во странство е околу 30.000км годишно, доколку е од увоз колата направи ја математиката... Да бев на твое место доколку веќе гледаш Меган 3, или општо Рено, далеку подобар избор би ти бил 1.5дци,1.6дци, 1.4 16V, 1.6 16V или 2.0ТЦЕ бензин. 1.9дци 130кс е ОК мотор но по изминати години и километри има повеќе проблеми од 1.5, најчесто со турбини или егр вентил, плус деловите за 1.5 се по застапени. Како и да е, при купување на кола општо треба да ти се насмее малку и среќата. Ниедна кола не е идеална, секоја со своите маки. Сепак тоа е мое мислење.