Наводно имаат некоја нова технологија на полнење, која овозможува поголем процент од времето да полни побрзо. Според нив, тоа компензира за поспорото DC полнење.
Како пакет е стварно многу добра комбинација. На лик ми е малку анонимно возилото, ама кабината е стварно добра. За жал, многу малку километри поминавме и малку време имавме со колите. Се надевам дека наскоро ќе стигне во Скопје и на раат ќе го повозам неколку дена.