Малку да ти се уфрлам во темата. Јас првпат сега возам целосезонски гуми, БФ Гудрич, од јануари месец. Рано е за импресии, освен бучавата која се приметува за разлика од сезонски гуми. Да истакнам дека и на овие пеколни температури, гумата ми нема „шкрипнато“, а ова го зборам затоа што на мој колега, кој стави кинески целосезонски гуми, почнаа да му свират уште од април месец, толку неподносливо, што сака да ги продава сега. Здравје, ќе видиме како ќе се однесува гумата во зимски услови, посебно после 2-3 сезони извозени во услови на наше лето.