Ајде и јас да "закупам" една гаража/паркинг место овде

После долго време барање и мислење што кола да земам за секојдневно функционирање (низ град сум 95% од времето на моторот, а и 3 други возила во фамилија, воопшто не се ни брзав), тргнав од Фиат 500, Мито, Леон, А класа W176, Џулиета, БМВ серија 1, Honda Civic Gen IX, на крај излезе генерација 10 која уште откога се појави ми кршеше врат.
Станува збор за Honda Civic 1.0 Turbo VTEC од 2017та година, 3 cyl, Turbo мотор со 129кс и 200Нм и рачен 6 степен менувач (не можев да "проголтам" ЦВТ) во Executive ниво на опрема. Од побитните нешта би издвоил лед светла (кои многу допринесуваат за изгледот), адаптивна суспензија, панорамски покрив и keyless entry/start.
Првични импресии сеуште е рано да споделам, возена е од царина-технички па се до гаража, 1-2 километри. Повеќе по 1 недела, да помине хомологација и да ја регистрирам.
Од планови, нов акумулатор бидејќи не работи старт/стоп системот и дава иконче со акумулатор до него (не дека сакам да го има и да работи

) и нови гуми, затоа што се фабричките сеуште, најверојатно ќе одам со целосезонски Пирели СФ3, нема да се вози по многу километри за да земам 2 сета. Мал сервис има направено пред 4.000км, ќе оди барем уште 4, голем сервис на 122.000, па и во тој поглед сум мирен на подолг период. Моментално е на 140.000км и нешто ситно

Засега само 2 слики, повеќе наскоро...
Sent from my SM-S928B using Tapatalk