Автор Тема: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)  (Прочитано 629 пати)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 191
2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« на: 21 Ноември 2025, 18:13:06 pm »
Се продава Kia Sportage 1.6 gdi , 132 КС .Возилото е купено од Киа Моторс во Ноември 2019 година .
Јас сум прв сопственик .
Возилото е со поминати 52800 km , и има фабричка гаранција уште една година .
Регистрација е направена на 15.11.2025 година , така да имате уште цела година до следна регистрација , и при следната регистрација сте ослободени од плаќање на технички преглед .
Возилото редовно е одржувано во Киа Моторс и не се потребни никакви поправки/интервенции на него . Последен редовен сервис е направен на 05.11.2025 и цела година немате потреба од сервис .( Целосна сервисна историја т.е. сите фактури од сервисите ги имам) .
Има алуминиумски 16` бандажи со TPMS сензори за мерење на притисок во гумите и има нови Continental Ultra contact летни гуми , а исто така има и 4 зимски Hankook гуми .
Возилото е со ниво на опрема LX Vision , и од опрема меѓудруго поседува : автоматска двозонска клима , 6 воздушни перничиња , аларм , задна камера и сензори , темпомат , ограничувач на брзина ,7" дисплеј кој има поддршка за Android auto i apple carplay ... (целокупната опрема е наведена во една од фотографиите кои се прикачени кон огласот) .

Уште слики од колата има во темата "Возила на членови"  . Колата може да е види во секое време .

Цена 16500
« Последно менување: 23 Ноември 2025, 18:37:52 pm zeroSignal »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17843
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #1 на: 21 Ноември 2025, 18:20:34 pm »
Здраво @head, според правилата на форумот, секој оглас мора да има цена.

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #2 на: 21 Ноември 2025, 18:45:02 pm »
Која цена беше возилово како ново?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #3 на: 21 Ноември 2025, 18:46:27 pm »
Која цена беше возилово како ново?

Во моментов колку чини нов?

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #4 на: 21 Ноември 2025, 18:51:13 pm »
Над 30 илјади евра Мануел, Аутомат 33 ,испод 30 не е.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15005
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #5 на: 21 Ноември 2025, 21:00:49 pm »
Која цена беше возилово како ново?

17500 акциска имаше тој период

2020 покачија на 20-21000.

Тусонот беше иста цена, а за нијанса подобар. Тогаш им падна малку продажбата.


EDIT:17950




Процедурално: Во случајов ништо не значи ценава.

Имавме СТРАШНА инфлација така што, се зема во предвид нов модел со иста опрема и се пресметува амортизација

« Последно менување: 21 Ноември 2025, 21:06:48 pm Carpathian Lord »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #6 на: 21 Ноември 2025, 23:49:01 pm »
Епа нека си купи нова за 17950. Нема што да ја гледа оваа од 16500.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 191
Одг: 2019 Kia Sportage 1.6 gdi (прв сопственик)
« Одговори #7 на: 25 Ноември 2025, 21:51:04 pm »
Може клуч , колата е продадена

Sent from my SM-S918B using Tapatalk