Новите плински системи - немаш никакво сецкање, свеќици, бомбини и што ти не. Си работи моторот перфектно.
Имам три системи дома. Во Нубирата ми е од 2012 и таму има сецкање, заебанции...
Кај Рапидот и БМВ-то се нови системи, нема апсолутно никаква разлика, освен тоа што се осеќа намалена моќност, другото во ништо не се осеќа дали возиш плин или бензин.
Е сеа, за дизел имаш страшни заебанции ако возиш кратки релации. Да не ги набројувам.
Ако можеш да бираш особено за Скопје, се зема бензин. Втора варијанта плин. Идеално - електрично

Дизел само ако се работи исклучиво за добро сочувано количе или да не ти е гајле толку многу и да се зафркаваш со мајстори од време на време.