Автор Тема: Со 50 cc скутерче преку граница ...  (Прочитано 1251 пати)

Отсутен Pae

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Со 50 cc скутерче преку граница ...
« на: 24 Април 2025, 14:26:17 pm »
Здраво дечки (и девојки, се надевам) :)

Форумов го имам читано понекогаш, но ретко, затоа што сум љубител на мотори. За жал, поради физички причини (имам 18 години, девојче и потпросечна килажа) не сум во можност да возам мотор каков што посакувам, па така, си возам мало скутерче (50 кубика).
Како и да е, уште пред да положам за кола, на форумов наоѓав некои добри совети, а го најдов сосема случајно, барајќи нешто на google ...

Веќе некое време, имав една голема желба и слободно можам да кажам - подвиг (за мене) и успеав да ја остварам. Пред да тргнам на такво патување, се мислев да прашам за совети на овој форум, или на некој српски/странски, али си реков, можда ќе ми речат "детски глупости" или "опасно е" итн ... а можеби ќе наидев и на поддршка, можеби ова и не е нешто wow, али за мене е ... и сум баш среќна што можам да се "пофалам" со едно вакво искуство.

Причината што го споделувам ова, од каде добив инспирација, е од српски форум, од оваа тема:
 
https://forum.bjbikers.com/topic/2550-na-more-skuterom-50-kubika/


Стара,тема, али многу убаво напишана ... ова ми беше инспирација, не само за темава, туку и општо - да се одлучам на слично патување (но многу помало во километри).

Објаснување: Желба ми беше да го изнесам моето мало моторче (или подобро кажано, да ме изнесе оно мене хаха) надвор од градските вожњи низ Скопје, и да извозам некоја подолга релација. Оригинално, сакав да отидам на море со него, до Солун. Сепак, се предомислив. Освен по автопат, немам искуство со возење према Солун по споредни патишта (ако воопшто и има?) а моето скутерче не може да се вози на автопат. Друго, немам никого таму. Така, Солун отпадна, и си реков, бидејќи мои роднини имаат куќа во Ниш, да отидам до Mcdonalds во Ниш. Повеќе ми беше мерак за вожњата отколку за Mcdonalds, али ајде, како мала награда :)

Подготовки: Прво проверив колку километри има и одбрав рута за одење пешки, за да ми даде друга рута, не таа преку автопат. 200 километри. Океј, ништо посебно, ги имам извозено по автопат со кола до Ниш, али ова е мааалку поинаку :) 50 cc скутер, воздушно ладење, кривини, узбрдици, низбрдици ... одлучив да не одам сама, туку со братучед ми, кој се согласи да ми прави друштво исто со мало скутерче. Значи возила: моето некое кинеско 4t Hamachi скутерче, неговото 2t Aprilia. Скутер возам од 14 години и знам понешто за нив. Неговото е подобро и побрзо од моето, али тоа е што е.
 
"Опрема": Тренерки хахах и некоја моторџиска јакна од 6000 денари. Ништо посебно. Не носевме алат, ниту знаеме да поправиме било што на скутерчињата, едноставно договорот беше, ако се деси квар, ќе признаеме што правиме на вујко ми и ќе го викнеме да дојде да не земе со комбе :) така да не знам да ви кажам совет за колку коштаат шлеп служби итн, затоа што немаше потреба да правам research za toa.
 
Ден 1:

- Отидов кај вујко ми претходната вечер. Идеата ни беше прво да извозиме до Ниш со негова кола, околу 5 часот наутро, по рутата што ја одбравме, не преку автопат нели, за да видиме каков е патот општо и дали воопшто да тргаме со скутерчињата. Идеата не ни се баш оствари :) тргнавме и негде кај Макпетрол во Ченто ни текна - немаме полномошно за да ја возиме колата преку граница.

Друга ствар - зелен картон за скутерчињата. Не ни знаевме ни дали треба воопшто, ни дали има можност да се извади ... се вративме со колата (но барем беше интересно искуство да се проба неговата нова кола - Skoda Superb) и почекавме да отворат осигурителните компании, каде се упативме со скутерчињата и извадивме зелени картони. 1850 денари еден, значи вкупно трошок сега за сега - 3700 денари. Нашиот буџет: 30,000 денари. Останавме со 26,300.

Потоа повторно се упативме према граница, преку Маџари, Ченто, Арачиново, Грушино (не ме држете за збор за имињата и редоследот на селава после Арачиново) и преку Кумановските села како Умин Дол итн стигнавме до првото застанување, односно пауза - на бензинска во Кумановско. Лажам ... првата кратка несакана пауза беше направена нешто после Арачиново, каде што имаше крави на патот ... :) подзастанавме бидејќи јас се плашев и размислував, што да се прави хаха ... друга ствар, се соочивме со првите узбрдици, па и за тоа размислував ... моето скутерче евидентно поспоро од неговото, тера со некои 35 km/h на узбрдиците ... али братучед ми успешно го реши проблемот (ме убеди на relax attitude lol) и продолживме понатаму, уживајќи во вожњата и убавата природа наоколу. Anyway, на бензинската во Кумановско се задржавме околу 20тина минути, се напивме 2 сока и наточивме гориво и туби резерва - вкупен трошок 1160 денари. Ни остануваат 25,140 денари. Океј, идеме даље.

После Куманово према Табановце, интересен пат, kinda тесен на некои делови, али ок, тоа е што е. Заборавив да кажам - низ Арачиново имаше многу лежечи полицајци, тоа беше баш annoying, спора  вожња, песок, камиони ... али тоа е што е, битно да е интересно хаха :)
 
Стигнавме на граница, поминавме без проблем. На еден од српските полицајци му бевме многу интересни, беше воодушевен и не пофали за храброста да тргнеме на таков пат со такви мали скутерчиња. Баш бевме среќни и мотивирани за даље :) е сега тука после граница мал проблем - мора да се вози одредени километри по автопат, па потоа да се исклучиме на спореден пат. Тоа и го направивме, скутерчето мое изненади, тераше без проблем 70 km/h иако возев со страв, поради брзината на другите возила.

Иначе интересна информација - Српскиот полицаец ни кажа дека со 50 cc смееме да се вклучиме на автопат, а со 49 cc не. Малку збунувачки, бидејќи во нашата земја све испод 150 cc не смее на автопат колку што знам јас, па ова беше пријатна информација. Се надевам полицаецот не се нешто збуни. Како и да е, немавме никаков проблем и се исклучивме према споредниот пат 258 мислам се вика. Патот нешто слично на Кумановско. Одлучивме да направиме втора пауза рандом на една ширинка покрај патот. Баш беше жешко, па се задржавме кратко, можда 5-6 минути и продуживме. Скутерчињата никаков проблем, или ние не знаеме да препознаеме али океј, битно ништо не се расипа хаха ... :)

Текстов е више баш долг па да не навлагам во детали, без никакви проблеми и со неколку кратки и подолги паузи стигнавме до Делта Ниш каде што јадевме Mcdonalds и се упативме према куќата на братучед ми во Ниш, каде одморивме. Трошок за уште гориво и Mcdonalds - 4650 денари. 20,490 денари left. Горивото беше поише за секој случај и најголем дел од парите отидоа во Mcdonalds.

Вкупно сосе сите паузи ни требаше околу 8 саати да стигнеме до Ниш.


Ден 2:

- Ништо од идеата да тргнеме наутро околу 5 часот, затоа што баш ни се спиеше, а сакавме и да доручкуваме во куќата, а не по бензиски. Така, тргнавме околу 8 и нешто часот. На враќање, во Арачиново, не фати јак дожд и бевме баш мокри. Тука веќе заплакав, али набрзо некои локални жители ни помогнаа, не поканија во ресторанче кај нив, се пресоблековме, се стопливме, јадевме и продуживме према Скопје.

Mission accomplished! :)

Имате ли некои совети за некое наредно патување со скутерче?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #1 на: 24 Април 2025, 14:39:13 pm »
Одлична авантура, браво и за храброста. Ако веќе планираш и понатаму вакви и слични авантури, пробај да направиш и фотографии од местата кои што си ги поминала или паузи каде се правени, и можеш нешто налик блог да си направиш и верувам ќе биде уште поинтересно за читање, а секако и за инспирација и за други. Може и ќе ти се приклучи некој од форумов на следната тура. :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #2 на: 24 Април 2025, 14:40:45 pm »
Po zakon so 50cc skuter nesmees na avtopat barem vo MK. E sega po koj pat bi izvozil do granica neznam.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2468
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #3 на: 24 Април 2025, 14:57:52 pm »
Цитат
Освен по автопат, немам искуство со возење према Солун по споредни патишта (ако воопшто и има?) а моето скутерче не може да се вози на автопат.



На Google Maps ја имаш обележената опција.
Од Скопје до Штип е грешка на сликата погоре.

Од Скопје до Куманово можеш преку Арачиново.
Од Куманово до Свети Николе можеш преку „стариот“ пат.
Од Свети Николе до Штип можеш преку стариот пат, има еден паралелен пат со автопатот (оди низ Кадрифаково) од МИК Свети Николе до Макпетрол (Три Чешми - Штип).
Од Штип до Солун е лесно за да стигнеш без автопат (Штип - Радовиш - Струмица - Дојран - Leventochori - Солун).
« Последно менување: 24 Април 2025, 15:06:14 pm balanar »

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #4 на: 24 Април 2025, 16:23:01 pm »
Браво за храброста, ме и интетесира тие во Арачиново што ви помогнале што националност биле?

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #5 на: 24 Април 2025, 17:00:25 pm »
Браво за храброста, ме и интетесира тие во Арачиново што ви помогнале што националност биле?

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


UNPROFOR

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #6 на: 24 Април 2025, 17:08:19 pm »
Многу интересна приказна, со вмешани емоции и радости. А и скутерчето издржало! Затоа, при секое подолго патување  од околу 30 километри  прави проверка пред тргање. Претпоставувам дека носиш кацига на глава. Еве ти една идеја за возење

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #7 на: 24 Април 2025, 20:49:43 pm »
Браво!

Браво за идејата!
Браво за реализацијата!
Браво за храброста!
Браво за употребата на литературниот јазик и правописните правила!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #8 на: 24 Април 2025, 20:58:40 pm »
Bravo za MAKEDONSTINATA

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #9 на: 24 Април 2025, 21:09:32 pm »
Бравос, се се можи без брзање. Јас со Пух од 57ма двобрзинец имам истерано 150+км во еден ден без никакви проблеми, фала богу со паузи.  Битола -цело преспанско езеро, лево десно по села и назад. Од алат носев свеќица супер босна и клуч за свеќица. Ова беше пред 15 години, уште е истата свекица во моторот :D


« Последно менување: 24 Април 2025, 21:24:04 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #10 на: 24 Април 2025, 21:22:42 pm »
Мене рекорд со кинез ми е 400км за 1 ден 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #11 на: 24 Април 2025, 21:24:52 pm »
Ела педалај по успони, ќе видиш и рекорд и се 🤣
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #12 на: 24 Април 2025, 21:31:42 pm »
Имате ли некои совети за некое наредно патување со скутерче?

Појачај го скутерчето, 80цм3 се прави за малку пари а ќе добиеш многу во смисла на брзина забрзување и леснотија во возењето.

Има и интерсесни рути низ МК за возење со скутери.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #13 на: 24 Април 2025, 23:12:09 pm »
Ќе не биде. Така јас го доживеав пишаното од девојчето.
Секоја чест. На желбата, на истрајноста. Пред се на предизвикот на крвта која врие. 
Терај натаму. Полагај. А Б. Ни небото да не ти биде граница.

Далечната 1990 година видов Москвич со скопски таблици во Лондон. После тоа ништо не може да ме изненади. Но духот за среќа продолжува.


Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Со 50 cc скутерче преку граница ...
« Одговори #14 на: 25 Април 2025, 09:53:13 am »
браво. Јaс со APN Охрид->Ресен ->Стење->Ресен->Охрид.
Со speedfight peugeot  Охрид->Ресен->Битола->Прилеп->Битола->Демир Хисар->Кичево->Охрид
Со SYM JOYMAX 125, незнам колку пати Скопје->Охрид и обратно. Најдалечна дистанца Скопје-> Бургас, првиот ден 650км наеднаш. На враќање одмаравме Ќустендил уште две ноќи. Далечната 2012. После тоа купив V-Strom,  наредната година се оженив и го возев најмногу во гаража.