Доаѓам од Алфа 159 која сѐ уште ја возам, но разгледував да направам апгрејд на нешто поново, поголемо и со добро возни карактеристики. Не ме интересираше многу опрема, екрани и гаџети, иако Стелвиото има сѐ од опрема со пакет Lusso, како и вистинско дрво даб во ентериерот. Вака за почеток има одлично возење, моторот преде а богами и влече 470Nm.